Најмалку десет цивили, пред се жени и деца, вчера загинаа во текот на бомбандирањата од страна на НАТО во провинцијата Кунар, талибанско упориште во источен Авганистан.
– Во нападот загинаа пет деца, четири жени и еден повозрасен маж, изјавува Сајед Фазлула Вахили, гувернер на провинција .
Тој додава и дека во текот на бомбандирањето повредени се четири деца.
Вахили наведе дека е извршен и копнен напад во кој учествувале и авганистански сили.
Обединетите Нации минатата недела соопштија дека во нападите на НАТО силите во Авганистан во последните четири години се убиени повеќе од илјада деца.