Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато го исполнија етерот на Пациото со сомотни изведби посветени на Реј Браун

0
By Ана Василевска on September 8, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нивното „писмо со благодарност”, испиша бајковита нотна новела која публиката ја водеше низ сочен саунд на легендарните композиции од светската Биг Бенд традиција, со сомотни аранжмани на  едни од најдобрите светски аранжери како: Џек Волрот, Тед Џоунс, Волтер Фулер, Џон Федхок, Дон Менза, Мајк Камуф итн. Главната состојка на овој добро  зачинет концерт, секако беше солистичкото гостување на Мартин Ѓаконовски-Шпато, кој на контрабас беспоштедно и енергично ги везеше композициите и го распосла сето свое светско искуство, и генетско музичко наследство.

Пациото на Битолскиот Музеј, беше местото кое минатата недела (четврток, 5 септември), се преоблече во светска џез сцена како домаќин на  Концертот на Националниот Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски Шпато насловен “Letter to Ray – Писмо до Реј (Реј Браун)”. Битолската публика не ја криеше својата еуфорија, а неретки беа коментарите дека џезерите и Шпато, за миг го оживеаа оној конзулски дух на градот, односно му дадоа рафиниран шмек, налик на Виена, Париз, Лондон. Ова концертно музичко патување кое го пренесе сензибилитетот на светските џез сцени во Битола, долго ќе се памети по исклучителната хармонија од звук која успеаа да ја создадат солистите на НЏО со контрабасистот Шпато, под водство на маестро Џијан Емин. Нивното „писмо со благодарност”, испиша бајковита нотна новела која публиката ја водеше низ сочен саунд на легендарните композиции од светската Биг Бенд традиција, со сомотни аранжмани на едни од најдобрите светски аранжери како: Џек Волрот, Тед Џоунс, Волтер Фулер, Џон Федхок, Дон Менза, Мајк Камуф итн. На композицијата од Авишаи Кохен како аранжер се појави Гордан Спасовски, кој е пијанист во Националниот Џез Оркестар.

Почеста на нашите џезери и Шпато кон еден од највиртуозните контрабасисти на сите времиња Реј Браун, еден од најпопуларните и најплодните музичари чија умешност и богат звук го сместува на на врвот на листата највлијателни џез музичари, повеќе од половина век, се покажа како полн погодок. Всушност, овој концерт го нагласи битот и суштественоста на нашиот оркестар, кој достоинствено и крајно виртуозно ја продолжува традицијата на светските Биг Бенд оркестри. Главната состојка на овој добро  зачинет концерт, секако беше солистичкото гостување на Мартин Ѓаконовски-Шпато, кој на контрабас беспоштедно и енергично ги везеше композициите и го распосла сето свое светско искуство, и генетско музичко наследство.

Публиката уживаше во композициите од авторите: Оскар Петифорд, Чарлс Мингус, Тед Џоунс – едни од главните инспирации на Реј Браун; Дизи Гилеспи, Дон Менза кои се долгогодишни соработници на Реј; Еди Гомез, Кристијан МекБрајд, Авишаи Кохен кои се негови ученици, наследници и едни од водечките џез контрабасисти во светот.

Концертната приказна ја заокружија со Македонскиот “Џез Стандард” кој им е веќе добро познат на македонската публика – “ Поздрав до Оркестарот”. Оваа вечер на истата композиција имаа шанса сите членови на џез оркестарот да се појават како солисти, па диригентот Џијан Емин ја преимени композицијата во “ Поздрав од Оркестарот”. Со оваа композиција на која е автор Драган Ѓаконовски Шпато, Националниот Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски (неговиот син) ја искористија приликата сите заедно да му оддадат почит на основоположникот на Џез Музиката во Македонија.

Како солисти на концертот се појавија веќе добро познатите лидери на оркестарот, но оваа вечер ја направи уште поспецијална тоа што сите членови на оркестарот беа солисти.

Неколкуминутниот аплауз на битолската публика, по кој следеше атмосфера на плодна размена на впечатоците од ова музичко доживување, доволно говореше за успешноста на настанот, за кој слободно може да се каже дека ја спои светската со нашата музичка џез традиција, ветувајќи во иднина уште многу изненадувања во кои планетарните физички граници ќе бидат невидливи пред умешноста на НЏО да не одведе на далечни музички патувања, и светот да го донесе кај нас.

 На труби настапија Трајче Велков, Сенад Усеин, Јордан Колевски, Александар Златески, на саксофони: Кирил Кузманов, Славко Ѓоргиев, Борислав Веселинов, Валентин Видовиќ, Иван Трајаноски, на тромбони: Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски,

додека ритам секција ја сочинуваа Гордан Спасовски- пиано, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Филиповски – тапани, специјален гостин Мартин Ѓаконовски – контрабас.

 

 

Битола Мартин Ѓаконовски-Шпато Национален џез оркестар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.