Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националниот конзервативизам пред нашата порта

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евентуална победа на суверенистите на претстојните избори и создавање на Влада предводена од нив, ќе доведе до историски можеби и најсилно отклонување од патот на изградба на Републиката како современа либерално-демократска политичка конструкција, односно ќе искусиме обид за создавање на суверена национална тврдина во која Македонија (на Македонците) треба да биде „повторно голема“.

Тони ПОПОВСКИ / Рацин.мк

Во претходната колумна се обидов накусо да ги објаснам постулатите на прогресивниот европски центризам. Во продолжение еден обид за демистификација на контрастниот концепт на национален конзервативизам, именуван и како суверенизам. Впрочем, на претстојните претседателски и собраниски избори ќе треба да направиме избор помеѓу овие два концепта. За разликите во економските карактеристики на овие пристапи, а кои се крупни и сериозно последични како и за неопходната свесност за нив пред да се направи избор, во некоја од наредните колумни. Сега повеќе за политичката суштина на овие меѓусебно исклучиви концепти и начинот на кој се маневрира со нив во предизборието.

„Да, ја сум суверенист во смисла на тоа дека Македонија не смее да биде колонија. Рамковниот, преспанскиот и договорот за добрососедство (со Бугарија) се штетни за нашата земја. Против членство на Македонија во каков било воен сојуз (се однесува првенствено на НАТО). На ЕУ ѝ недостасува демократски капацитет“. Ова е суштинскиот – програмски дел од  изјавите на Билјана Ванковска по повод промоцијата за кандидатка на Левица за Претседател на Републиката.

Професорката Ванковска не е случаен човек во политиката. Ја паметиме како неразделен дел од сеприсутниот во медиумите тандем Ванковска – Силјановска, особено во последните неколку години од владеењето на Никола Груевски, и предводењето на т.н професорски пленум, создаден во 2014, а  кој застана зад студентските протести во 2015 година. Во тој период, особено академскиот дел од ВМРО-ДПМНЕ, професорките ги етикетираше како „либералки“, за да сега успешно изтранзитираат по безмалку идентична траекторија на таа на Виктор Орбан, на почетокот истакнат либерал, па демохристијанин (Ванковска во народна левичарка) и конечно национал-конзервативец, суверенист. Нивното очекување, да се преточи страсниот ангажман во критика на авторитарното кај Груевски, во номинација за репрезентативни водечки позиции од страна на тогашиот опозициски фронт предводен од СДСМ на Зоран Заев и „шарените револуционери“  не се оствари и тоа навистина не беше фер, но амбицијата е шило кое го подбуцнува егото, и не треба да не изненади нивната одлука за реактивно свртување од 180 степени, респективно, кон крајната левица и десница во политичкиот спектар.

Овој професорски тандем е идеолошки компатибилен и политички витален во моментов. Практично, кандидатурата на Ванковска од страна на Левица е спотер за кандидатурата на Силјановска од страна на ВМРО ДПМНЕ која и онака е шпицен кандидатка во партиските анкети но и преферирана кандидатка на Христијан Мицкоски, барем според партиските кулоари. Со други зборови, Силјановска во натпреварот влегува со капитал од 50 000 гласови на Левица од локалните избори плус она што Апасиев успеал да го анимира во меѓувреме. Тоа е додадената квантитативна вредност за Силјановска во споредба со другите внатрешни кандидати во партијата меѓу кои има и вистински европски, покрај популистички десничари.

Покрај квантитативните придобивки, има и квалитативен вредносен пресек во едно вакво сценарио, каде без оглед на крајната провиненција, професорките се пронаоѓаат меѓусебе во националниот конзервативизам, односно во суверенизмот. Оттаму, извесно е дека доколку се случи номинацијата на Силјановска, Ванковска во вториот круг ќе им препорача на своите избирачи да ја поддржат Силјановска. Секако, претпоставка е дека Апасиев – менторот на Ванковска, ќе биде воздржан со препораки, со цел да не ги иритира избирачите од албанскиот опозициски камп, односно да не го дискредитира потенцијалното стапување во политички брак на ВМРО ДПМНЕ со албанската опозиција.

Како кореспондира суверенистичката доктрина со развојот на граѓанското општество, е прашање и за слободоумните граѓани и автентичните граѓански организации во Републиката. Доследниот суверенизам на Путин, нив ги прогласува за „странски агенти“ и ги санкционира.

Какво е влијанието на национал – конзервативизмот врз општеството, е централната тема на последното издание на угледниот Економист.  Во него е посочено дека Доналд Трамп, Виктор Орбан и разнобојната екипа од западни политичари го уриваат класичниот конзервативизам , конструирајќи на негово место статичен, „анти-буден“ конзерватизам кој го става националниот суверенитет пред поединецот. „Наместо да бидат скептични кон големата влада, националните конзервативци мислат дека обичните луѓе се опколени од безлични глобални сили и дека државата е нивниот спасител. За разлика од Реган и Тачер, тие мразат здружување на суверенитет во мултилатералните организации, се сомневаат дека слободните пазари се наместени од елитите и се непријателски настроени кон миграцијата. Тие го презираат плурализмот, особено мултикултурниот вид. Националните конзервативци се опседнати со растурање на институциите за кои мислат дека се извалкани од „будност“ и глобализам. На крајот Економист поентира дека „Националните конзервативци се револуционери. Тие не го гледаат Западот како блескавиот град на ридот, туку како Рим пред падот – декадентен, развратен и пред колапс поради варварската инвазија. Незадоволни со отпорот кон напредокот, тие исто така сакаат да го уништат класичниот либерализам.“

Преведено во македонска претпоставена реалност, евентуална победа на суверенистите на претстојните избори и создавање на Влада предводена од нив, ќе доведе до историски можеби и најсилно отклонување од патот на изградба на Републиката како современа либерално-демократска политичка конструкција, односно ќе искусиме обид за создавање на суверена национална тврдина во која Македонија (на Македонците) треба да биде „повторно голема“.  Како македонските суверенисти планираат да ја изградат и оградат македонската национална тврдина во општество во кое Македонците се 58.4% според последниот попис (а би биле повеќе доколку најрадикалниот дел од суверенистите нѐ повикаше на бојкот на пописот), е легитимно  прашање за Македонците, но особено за избирачите на албанските опозициски партии.  Или компромисот ќе се бара во редефинирање на Охридскиот рамковен договор и  фортификација на една помала моноетничка тврдина во поголемата моноетничка тврдина, колку и да звучи тоа парадоксално.

Како што Ханибал беше пред портите но сепак не успеа да навлезе и да го уништи Рим, така и националниот конзервативизам е веќе пред нашите порти. Можеме широко да ги отвориме или да се спротивставиме демократски, со аргументи.

Како ќе функционира политички брак помеѓу во моментов опозициски формации, каде едната согласно доктрината на националниот конзервативизам е определена за ЕУ, но како сојуз на суверени национални тврдини (според ликот и делото на Орбан, Ле Пен, Мелони, Вилдерс, Качински), а другата е барем реторички определена за интегрирање во оваа и ваква Европска Унија на либерални демократии, е наредното легитимно прашање кое заслужува предизборен одговор. Како кореспондира суверенистичката доктрина со развојот на граѓанското општество, е прашање и за слободоумните граѓани и автентичните граѓански организации во Републиката. Доследниот суверенизам на Путин, нив ги прогласува за „странски агенти“ и ги санкционира. Европската комисија пред десетина дена започна правна постапка против Унгарија поради нејзиното неодамнешно донесување закони за „заштита на националниот суверенитет“ со образложение дека легислативата ги крши демократските вредности и основните права на Унијата. Се работи за обид на Виктор Орбан да продолжи со  задушување на неговите политички ривали, како и критичките медиуми и граѓанското општество во Унгарија. Затоа треба да сме свесни дека како што Ханибал беше пред портите но сепак не успеа да навлезе и да го уништи Рим, така и националниот конзервативизам е веќе пред нашите порти. Можеме широко да ги отвориме или да се спротивставиме демократски, со аргументи.

*Фотографијата за насловната креатива на колумната е на Роберт Атанасовски

национален конзерватизам Рацин.мк Тони Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.