Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нацрт закон за субвенционирање придонеси: Покачување на платите од 600 до 6.000 денари

0
By Нова ТВ on September 11, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на  државата.

Според нацрт законот субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси, работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со овој закон, односно работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон,  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Субвенциите не може да ги користи работодавач кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување согласно закон, за период додека го користи ослободувањето, работодавач кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за  вработување за периодот додека ја користи мерката и работодавач кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со Закон за финансиска поддршка на инвестиции, како и приватна агенција за вработување за осигуреници кои се отстапени кај работодавачи од органите на државната и на локалната власт и други државни органи.

Согласно предложените решенија, работодавачот нема обврска да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси, највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник, а најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.

Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите согласно со одредбите на овој закон започнува да се применува со исплата на плата за октомври 2019 година.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија, а ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Се очекува на ваков начин да се намали исплатата на платата на работниците на рака, кое често го практикуваат работодавачите за да избегнат плаќање придонеси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.