Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Ако сакаме развој, средна класа мора да постои

0
By Нова ТВ on October 22, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Досегашните мерки од програмата кои ги претстави СДСМ наидоа на широк интерес и прифаќање, и покрај сите очајнички напори на владата за нивно негирање и омаловажување. Но, заради упорноста на власта во тие настојувања, денес сакаме уште еднаш да ги истакнеме основните причини заради кои СДСМ ги предлага тие мерки, како и суштинската неопходност тие да бидат спроведени“, рече пред новинарите Кире Наумов, член на Економскиот тим на СДСМ.

Да појдеме од неколку факти кои ги покажуваат податоците на Светската банка:

– Денес Република Македонија е општество во кое постои социјална раслоеност меѓу граѓаните која е поголема од онаа во сите држави во Европа;

– Најбогатата петина (20%) од граѓаните располага и троши доход колку и сите останати четири петтини (80%);

– Најбогатата десетина (10%) од граѓаните располага и троши доход кој е за 17 пати поголем од доходот на најсиромашната десетина (10%) од граѓаните;

– Нееднаквоста во распределбата на доходот која постои во Македонија денес, е далеку поголема од нееднаквоста која постоела во 1998 година; во текот на тие 15 години во кои фактички е исчезната средната класа во Македонија, СДСМ била на власт само 4 години, а ДПМНЕ 11 години! Речиси три пати подолго;

– Тоа најдрастично го побива тврдењето на власта дека кривец за исчезнувањето на средната класа е СДСМ; ако сакала, ДПМНЕ имала години и години на располагање тоа да го промени; но, напротив – токму политиката на ДПМНЕ ја има збришано средната класа во Македонија;

Ако сакаме да имаме економски развој, вработување, подобар животен стандард и демократија, средна класа мора да постои.

Тие граѓани мора да живеат во финансиска стабилност и да имаат предвидлива иднина. Така, нема да бидат подложни на манипулирање и заплашување од страна на власта. Токму тоа го прави власта на ДПМНЕ! Навидум се грижи за граѓаните, а всушност непрекинато ги осиромашува, за да ги држи во страв и зависност.

Тоа мора да се запре. За таа цел, СДСМ ги предложи своите мерки:

– Враќање на 15% од ДДВ – граѓаните се веќе убедени дека критиките од власта за овој предлог се нејзино чисто инатење;

– Праведно оданочување на граѓаните – богатите да плаќаат повеќе данок од (по)сиромашните. Или, 9% данок од доход за приходи до 1.000 евра месечно, и 18% за приходите над тоа. Бидете убедени дека единствената причина што владините претставници ја одбиваат оваа мерка е токму фактот дека тие ќе треба да плаќаат повеќе! А не сакаат;

– Изземање на приходите од земјоделска дејност од персонален данок – бидејќи тие плаќања за земјоделците претставуваат влезен трошок во производството на храна која ја јадеме сите. Тоа е одлична мерка за поддршка на земјоделието, покрај обичното давање субвенции;

– Можност за донирање до 30% од данокот на добивка (на претпријатијата) во спортот, културата, науката и образованието; тоа е модел кој е познат во многу држави; а тоа што претставниците на владата за ова велат дека е само „мерка за перење пари“, всушност си ги кажуваат сопствените намери; со нормална контрола, тоа нема да може да се прави;

– Праведност кај данокот на имот – оние кои имаат повеќе станови да плаќаат за нив повеќе данок; јасна и едноставна мерка за воведување праведност во општеството; повторно, бидете убедени дека единствената причина што владините претставници ја негираат и оваа мерка, е фактот дека токму тие ќе треба да плаќаат повеќе! За становите кои ги стекнуваат сега кога се на власт;

Тоа се предлог мерките на СДСМ до сега. Веќе до крајот на оваа недела, ќе следи претставувањето на уште неколку мерки, овој пат од сферата на социјалната политика, најави Кире Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.