НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Груевски и Ставрески ги фалсификуваат податоците од Статистика

0
By Нова ТВ on March 18, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Манипулациите на власта со статистичките податоци се огромни. И после објавување на податоците од Државниот завод за статистика, Министерството за финансии продолжува да ја лаже јавноста, посочи денеска Кире Наумов од СДСМ, надополнувајќи дека е срамно што премиерот Груевски лично искажал лажни податоци.

– Прво, Министерството за финансии цела година манипулира дека Бруто домашниот производ за 2013 ќе изнесува 8 милијарди и 31 милион евра. Во одбрана на оваа нереална бројка се вклучи и независниот гувернер Богов. Но, пред четири дена Државниот завод за статистика ги демантираше. Бруто домашниот производ за 2013 година според Статистика номинално изнесува само 7 милијарди и 710 милиони евра.

– Второ, Министерството за финансии и понатаму ја фалсификува бројката за Бруто домашниот производ. Министерството продолжува да продуцира податоци кои се лажни а споредува и други податоци со неточната вредност на БДП. Така, буџетскиот дефицит за 2013 година не е 3,9% од БДП како што велат Груевски и Ставревски. Имајќи го во предвид промашувањето од 321 милиони евра буџетскиот дефицит изнесува скоро 4,1% од БДП, изјави Наумов.

Од партиската говорница тој исто така надополни дека Груевски и Ставревски преку веб страницата на Министерството за финансии „лажат дека долгот на централната влада за 2013 изнесува 34,3%“.

– Тој изнесува 2,75 милијарди евра, но тоа се 35,8% од БДП, рече Наумов од СДСМ, потенцирајќи дека со јануарското задолжување, долгот на централната Влада достигнал 36% од БДП.

Според него, премиерот Груевски лаже дека Македонија е четврто најмалку задолжена земја во Европа, и упати барање да одговори по која економска логика соопштува резултати за наводен енормен раст на градежништвото во 2013, а во истата година има рекорден пад на бруто-инвестициите од цели 12%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.