Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави пред приврзаниците дека ќе се бори и ќе победи на градоначалничките избори во Москва откако тој беше ослободен од затвор во очекување на жалба против петгодишната затворска казна, јавува Би-Би-Си.
Тој се врати во Москва од Киров, каде судијата го осуди за проневера, во случај широко осуден како политички.
Судот пресуди во петокот дека тој може да се врати во Москва се додека се разгледува жалбата.
Затворската казна беше критикувана од страна на САД, ЕУ и групите за човекови права.
Стоејќи покрај неговата сопруга Јулија, Навални и изјави толпата на поддржувачи на станицата Јаровалски, дека “ние ќе се обидеме да одиме на избори и ние ќе победиме”.