Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАВИСТИНА, А КОЈ Е ТОЈ ЖАК ШИРАК?

0
By Биљана Секуловска on October 5, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина, кој е тој човек со француско име? Жак Ширак? Ама што зборувате, ве молам? Што имаме ние заедничко со него? Вака се запрашале македонските лидери и помислиле некоја секунда- до две, додека не потонале повторно во дремка од досада.

Нè уби досадата, зеваат тие, голтајќи ги мувите од забава, и притоа во паника се стресуваат и ги испуштаат едвај преживеани кутрите муви, откако ќе се сетат на крволочноста на Анима Мунди, доколку дознае за овој немил иницидент.

Така се обавуваат државнички работи во оваа земја- се клатите на фотелјите весело, слушајќи со пола уво дека некој си политичар во Франција починал дента и светот одеднаш се разбуричкал.

Некој си политичар. Дури ни името не можат да му го запамтат.

Светот зовре тој ден- лидерите праќаат телеграми, телевизиите емитуваат документарци, интервјуа, дебати, деновите одминуваат, програмите се полнат со сеќавањата за Ширак.

Се растегнуваат нашиве политичари како за пред спиење тие денови, нерасонети со години веќе, затоа што досадата ги мачи, проклетата досада која од почетокот ги следи.

Лути на некакви вести, бесни што за миг го слушнале повторно неговото име, но сега се набројуваат имиња и на некои живи лидери, политичари, кои присуствувале на погребот на Ширак.

Сега нашиве веќе климаат со глава важно, затоа што се сетиле- да, да, за да ги откачиме здодевните протоколарни обврски, од наше име на погребот е испратен Едмонд Адеми, министер за дијаспора.

Веројатно ако не чувствуваат ни трошка почит, сепак, во политиката ви останува секогаш нешто сигурно- прагматизмот.  Франција ни е исклучително важна земја, датумот за преговори е ветен од нивна страна, но сепак. Или можеби не е баш ветен? Не е ни важно, оставете сега сè да тече по некој судбоносен редослед, понекогаш сами од себе се решаваат важните прашања, затоа што протокот на енергии и планети е поставен на вистинското место.

Сега повторно се задлабочуваат во длабокоумните анализи- би знаеле ако е славен политчар и лидер, затоа што ние сме такви- доколку е тоа случај, тој секако нам би ни се обратил прв, честа сепак има некаков ред.

Освен тоа, тие сега мудруваат и објаснуваат на неупатените- поранешниот претседател Киро Глигоров веќе имаше средба пред дваесетина години со Ширак, зарем не е тоа доволно укажана чест, за да остане запаметена во блескавите анали на историјата на Франција?

Тежок е животот на политичките фигури, помислуваат тие, воздивнувајќи пред огледалото- мора да се вежба напорно и секојдневно оваа реченица, но со посебен израз на лицето, се потсетуваат сами себе.

Маченички, напатен е тој лик, клапнати како со лице на булдог ја тресат главата, сожалувајќи се сами на себе за судбината што мора да ја носат како крст- да бидат баш во оваа земја светски лидери.

Потоа, наеднаш треснуваат доле и легнуваат- замислуваат со уживање како умреле во тој миг и како влетуваат сите уплакани, се распиштуваат алармите низ светот, се палат авионите.

Се втурнува во нивниот кабинет целиот светски политички врв ужален, во длабока црнина, потечен во очите и црвен во носовите, уплакани, липаат без контрола. Се даваат упатства да се притиснат црвените копчиња- знак дека мора да престане да се врти Земјата, повеќе нема ниту една причина.

Сцената трае долго- тие се вртат тромо на другата страна на столицата, за да заземат поудобно место за нова дремка. Тежок е, се согласуваме во хор сите ние- тежок е животот на светски политичар во Северна Македонија- може да се умре, во секој миг.

Но, добрата страна на оваа професија во оваа земја секако сите ја знаеме- се умира од досада, да, секојдневно, ужасно долго трае тоа мачилиште, но кога ќе дојде судниот момент, да се умре од досада, и тоа и се случи, по некоја незгодна ситуација, ќе бидете испратен како херој.

Никој во весниците нема да напише зошто навистина сте умреле- причината за досада сите добро ја знаеме, нема потреба да се елаборира.

Одеднаш, сега нашиве политичари живнуваат, добиваат некаков немир во стомакот, тоа е знак дека станале гладни за знаење и информации. Навистина, има ли некој советник наоколу, за да ни ја каже целата вистина- кој е тој Жак Ширак, добога и зошто би бил поважен од нас самите?

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.