НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наводите за руско мешање во изборите во Романија ги оживуваат мрачните спомени од комунистичката диктатура

0
By Marija Todorovska on December 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали неговите следбеници, кои и да се, ќе поверуваат во извештаите дека тој е руски проект и ќе прифатат откажување на гласањето? Или можеби ќе излезат од зад нивните компјутерски екрани и телефони за да протестираат?

Драган Мишев

Уставниот суд на Романија ги поништи неодамнешните претседателски избори и нареди нивно повторување, по наводите и доказите за можно руско мешање.

Ова е шокантна одлука на уставниот суд на Романија, но таа доаѓа по две недели висока политичка тензија во земјата, Сите предвидувања, секаква сигурност, излетаа низ прозорецот.

Досега, улиците се мирни во Букурешт бидејќи луѓето ги апсорбираат вестите, известува од главниот град на Романија Сара Рејнсфорд, дописничка на Би-Би-Си од Источна Европа.

Поништувањето на претседателски избори е храбар избор, но тој следи по уште еден потег без преседан кога претседателот во заминување нареди да се декласифицираат разузнавачките документи и да се објават во јавноста.

Документот во кој се зборува за масовна кампања за влијание на интернет за да се поколеба гласањето во корист на маргиналниот политичар Калин Георгеску, го обвини „актер спонзориран од држава“.

Во друг документ за обидите за хакирање на изборни веб-страници, се зборува за врски до сајтови за сајбер криминал во Русија. Во третото досие се вели дека Русија во Романија била вклучена во хибридна војна.

Романците ги поврзаа точките и ја обвинуваат Москва. Тоа носи мрачни спомени за многу луѓе на времето кога Романија беше комунистичка земја и дел од Варшавскиот пакт, кога економијата, социјалната политика и корупцијата на тогаѓниот комунистички диктатор Чаушеску му нанесоа огромно страдање на романскиот народ, пред тој да биде соборен и погубен во декември 1989 година.

Додека романскиот народ страдаше, Чаушеску и неговиот внатрешен круг живееја во екстравагантно опкружување, пренесува Алфахистори. Самиот Чаушеску поседувал бројни куќи ширум земјата, главно големи куќи или имоти што ги чувале слугите. Сопругата на Чаушеску, Елена, собираше скапи крзна, дизајнерска облека и накит, додека нивниот син Нику уживаше во скапи автомобили и увезуваше странско виски. Чаушеску ги пополни кабинетот, владините и дипломатските позиции со своите роднини, назначувајќи ја неговата сопруга Елена во Политбирото (1973), а подоцна и заменик-премиер (1980). Двајцата заедно ограбиле огромни суми од националната благајна на Романија, криејќи ги на офшор банкарски сметки; Вистинската украдена сума е непозната, но може да биде близу 1 милијарда американски долари. Народната поддршка на Чаушеску се намали во 1980-тите, обележани со серија штрајкови и протести, од кои многу беа брутално згаснати. Со почетокот на револуцијата, Чаушеску го одржа својот последен говор во Букурешт во декември 1989 година. Во толпата избувна насилство, принудувајќи ги Чаушеску и неговата сопруга да побегнат. Тие набрзо беа фатени, уапсени и изложено на судење, пред да бидат погубени со стрелачки вод на Божиќ.

Се чини дека Романците со право се исплашени за иднината на земјата доколку во Романија преовлада анти европскиот курс, чиј главен поборник е токму кандидатот Калин Георгеску.

На митингот во четвртокот вечерта, пред универзитетот, сретнав луѓе кои се сеќаваа на нивните години живеејќи под комунистичка диктатура и беа искрено исплашени дека денешна Русија може да се меша тука, пишува Сара Рејнсфорд.

Во една книжарница, писателка за деца ми рече дека „веднаш ќе ја напушти земјата“ доколку има некаков знак дека Романија се оттргнува од својот европски пат, станувајќи се помалку слободна, вели дописничка на Би-Би-Си.

Сигурно е точно дека политиките на Џорџеску, прекинување на помошта за Украина, коментари кои ја доведуваат во прашање поентата на НАТО или ја поткопуваат ЕУ, се корисни за Москва.

Во Кремљ, иако негираат каква било улога во овие настани, сигурно се среќни дека Русија е толку моќна; нејзините пипала се толку далекусежни што можат дури и да ја поткопаат романската политика, земја на НАТО, која долго време се смета за стабилен и доверлив партнер.

Но, како што пишува Рејнсфорд, кога го запознала човекот во срцето на целата оваа контроверзност, Калин Џорџеску, тој ја отфрли секоја идеја дека неговиот метеорски подем – од работ до фаворит за изборите – се сведува на руско мешање.

Всушност, тој се насмеа гласно, вели Рејнолдс. Тој навистина ми кажа дека Владимир Путин е „лидер и патриот“, иако тврдеше дека „не е обожавател“.

Пријатно и непречено зборува, тој вели дека е блокиран затоа што го предизвикува политичкиот естаблишмент. Тој мисли дека неговата политика „Прво Романија“ има вистинска привлечност за луѓето овде.

За последната точка, тој веројатно е во право.

Дописничката на Би-би-си, всушност не сретнала никого во Букурешт, надвор од непосредниот тим на Џорџеску, кој признал дека гласал за него. Но, неговата онлајн содржина, која го преплави ТикТок, имаше многу пораки кои ќе бидат привлечни во една културно конзервативна земја, особено надвор од главниот град.

Тој зборува за суверенитет и за Бог и за борба против „Системот“, и им кажува на луѓето дека нивните животи треба да бидат подобри.

Дали неговите следбеници, кои и да се, ќе поверуваат во извештаите дека тој е руски проект и ќе прифатат откажување на гласањето? Или можеби ќе излезат од зад нивните компјутерски екрани и телефони за да протестираат?

Засега повиците се да се остане дома и да се остане смирен. Прегласувањето можеби ќе трае до пролет. Тоа е долго време во романската политика.

Случувањата со романските претседателски избори е само продолжување на обидите на Кремљ повторно да инсталира свои марионети во земјите кои ги смета за дел од рускиот свет. Во Молдавија, за време на гласањето имаше неуспешен обид за поткуп, извршен од пребегнатиот во Русија молдавско-израелски индустриски магнат Илан Шор, за кој советникот за национална безбедност на претседателката рече дека бил „масовно мешање“ од Русија во изборниот процес во Молдавија што имало „висок потенцијал да го наруши исходот“, и кое претседателката Санду го нарече „руска специјална операција“.

Во Грузија, про – ЕУ опозицијтаа и претседателката Саломе Зурабишвили одбија да ги признаат резултатите на кои победи про-руската владејачка партија Грузиски сон на грузиски олигарх Бидзина Иванишвили, поранешен премиер на Грузија и основач на партија, кој ефективно ја контролира грузиската економија со неговото богатство направено додека живеел во Москва, обвинувајќи за руско мешање и изборен фалсификат, по што стотици илјади про-ЕУ демонстранти со денови протестираат на улиците на грузиските градови, неприфаќајќи го замрзнувањето на преговорите за приклучување кон Европската Унија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

избори Романија руско мешање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.