Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сменети директорите на две скопски клиники

2
By Менче Атанасова Точи on February 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разрешени се директорите на две скопски клиники. НОВА дознава дека од директорската функција на Клиниката за уво нос и грло е сменета Габриела Копачева Барсова, а на нејзино место е назначен Јане Нетков, лекарот кој во време на министерувањето на Таравари беше назначен, па веднаш потоа сменет со образложение дека настанал превид.

Од директорската функција на Клиниката за детска хирургија е сменет Ристо Симеонов, а на негово место е назначен Лазар Тодоровиќ. Дознаваме дека оставка на директорското место на Клиниката за рентгенологија и радиологија си дала Елизабета Стојовска, а на нејзино место се уште нема назначено нов директор. НОВА ја праша Копачева Барсова дали добила образложение зошто е сменета, но таа не знаеше зошто е сменета.

„ Не знам зошто сум сменета, а сакам да знам. Решението го добив во 14 часот и 15 минути без никакво образложение“, одговори кратко Копачева Барсова.

Таа вели дека за овие шест месеци додека ја извршуваше директорската функција успеала да го намали долгот од 17 на 7 милиони денари, а внесени се 200 000 евра инвестиции за опрема и 100 000 евра за реконструкција на клиниката. Токму заради тој факт е изненадена и не знае која е причината за нејзината смена.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди информацијата за смените на директорите на  овие две клиники. На го коментираше конкретно ниту едно разрешување. Само кратко рече дека им истекува мандатот и дека треба освежување во здравството.

„ Потребно беше освежување, а на овие вд. директори им истече мандатот деновиве“, изјави министерот Филипче за НОВА.

Тој нагласи дека нема да има други кадровски смени освен на клиниките каде што имало директори од Алијансата на Албанците. Тоа се клиниките за очни болести, кардиологија и стоматологија каде што се уште не се назначени нови директори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.