Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НБ: Усвоен Кодекс на добри практики за финансиска едукација

0
By Ivana on September 1, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со коешто раководи Народната банка, а во коешто членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ),  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), го усвои Кодексот на добри практики за финансиска едукација

Со ова продолжуваат активностите за спроведување на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, усвоена во јули годинава.

Со оглед на сѐ побројните иницијативи за финансиска едукација, како и растот на бројот на вклучени субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, се јави потребата од јасно дефинирање на основите и начините за вклучување на овие субјекти и нивна координација и обезбедување ефективни едукативни програми коишто се во интерес на населението.

Кодексот ги утврдува принципите што треба да се применуваат при спроведување на финансиската едукација на населението во земјава, од страна на сите субјекти од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои ќе бидат вклучени во овој процес. Во него се наведени посакуваните цели, принципите коишто треба да се применуваат при спроведувањето на активностите за финансиска едукација, опфатот на активностите, добрите практики во однос на содржините и обучувачите за финансиска едукација, како и начинот на информирање на регулаторите и оценување на активностите. 

Кодексот се заснова врз најдобрите светски искуства и препораките на ИНФЕ-ОЕЦД и има за цел да овозможи промоција и изведување висококвалитетна и непристрасна финансиска едукација од страна на сите вклучени субјекти. Со него ќе се зајакне координираниот пристап за финансиска едукација, што ќе придонесе за подобри и побрзи резултати на национално ниво.

Во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението. Од аспект на институциите и субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто можат да придонесат во оваа област, финансиската едукација станува дел од општествената одговорност и значаен аспект во градењето на нивната репутација. Оттаму, координираниот пристап на дејствување ќе придонесе за зголемена ефикасност и ефективност на дејствување.

Финансиските регулатори ги повикуваат сите субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор коишто остварувале или се заинтересирани за остварување активности за  финансиска едукација да се запознаат со Кодексот, којшто е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/kodeks-fin-edu.nspx и да се приклучат кон иницијативата за координиран пристап.

Кодекс Народна банка усвоен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.