Најдоминантниот тим во НБА лигата оваа сезона, Голден Стејт Вориорс ја врати титулата во Сан Франциско, откако со 4-1 го поразија Кливленд Кавалирс во големото финале.
Ова е втор шампионски прстен за Вориорс последните три сезони.
Тие славеа со резултат 129:120 и со тоа го нанесоа четвртиот, решавачки пораз на Кливленд.
https://www.youtube.com/watch?v=9brHbDJiXzQ
Неверојатна партија во текот на целото финале имаше Кевин Дурант кој натпреварот го заврши со 39 поени, со што заслужено го доби и МВП признанието.
„Честитки на Кливленд. Тие се сјаен тим, вистинска шампионска група за која имам големо почитување. Играат неверојатна кошарка. Се чувствувам сјајно. Затоа што беа потребни многу напори да се вратиме по минатогодишното финале во седум натпревари, а после една совршена сезона. Момците успеаја во тоа. Со добри засилувања, трае феноменалниот низ во последните неколку години. Се надевам дека така и ќе продолжиме“ изјави по натпреварот тренерот на Вориорс, Стив Кер.
Ѕвезда на вечерта беше Кевин Дурант кој конечно по десет години во НБА лигата успеа да го освои шампионскиот прстен. Дурант по натпреварот изјави дека е горд што успеал да го направи она за што сонувал уште од своето детство.
Најдобриот кошаркар на Кливленд пак, Леброн Џејмс разочаран, сепак го призна поразот од Голден Стејт нарекувајќи ги “најдобри“.
„Дадов се од себе во петте дуели од финалната серија. Изгубивме, тие се најдобри. Не беше наш период. Покажаа дека се најдобар тим оваа и последните три сезони“, изјави Џејмс.
За него ова може да биде последен настап како предводник на Кливленд, а како што самиот има изјавено, секогаш сакал да заигра за ЛА Лејкерс, каде што претходни играле Меџик Џонсон и Коби Брајант како кошаркари на кои им се восхитува.