Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не било до температурите туку …

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој пад не е без последици. Кога капиталните проекти не се реализираат, се стопира економската активност, градежниот сектор трпи загуби, нови работни места не се создаваат, а инфраструктурните дефицити остануваат нерешени.

Андреј Жерновски

Во занесот на мојата политичка наивност, незрело надополнета со силната верба во “четвртата најбрзо растечка економија во Европа” (автор на цитатот: Х.М,), длабоко и’ поверував на министерката Димитриеска- Кочоска дека ладното време во јануари и февруари билa главната причина за мизерните 10 % реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал.

Тогаш, црсто верував дека со затоплувањето на времето, ќе имаме целосна реализација, веројатно и повеќе од 100 %. Па така, со радост го (до)чекав летото, наивно верувајќи дека жешките температури ќе ја покачат реализацијата. Кога, ете ти шок!!!

Ни пеколните плус 40 Целзиусови степени не ги згреаја нашите срца, кои очекуваа пријатни вести. Така, целиот шокиран, немоќно си го поставив прашањето: Ако тогаш беше проблем зимата, зошто сега е проблем летото? Зарем е можно, сепак, температурите да не биле главниот проблем?!?

И тогаш, тажен и изневерен од владата, дојдов до заклучок:

Колку и човек да сака да биде оптимист, анализата на капиталните расходи за 2025 година јасно укажува на длабока системска и институционална нефункционалност во јавните финансии. Иако буџетот за капитални инвестиции оваа година е рекорден, со планирани 47,5 милијарди денари, реализацијата до крајот на јуни достигна очајни 26,25 проценти. Овој податок не претставува обична бројка, туку сериозен сигнал за блокада во спроведувањето на капиталните проекти.

Кога една влада проектира високи капитални расходи, но не е способна за цели шест месеци да реализира дури ни една четвртина од нив, тоа претставува структурен проблем во јавната управа. Разликата меѓу планирањето и реалната имплементација прецизно укажува на слаба подготвеност на проектите, недоволна административна ефикасност, комплицирани процедури и несоодветна меѓуинституционална координација.

Оваа ситуација е особено алармантна во споредба со претходните години. Во 2023 и 2024 година, реализацијата во истиот период беше значително повисока, достигнувајќи над 60 проценти. Дури и во 2021 година, кога економијата беше под силно влијание на пандемијата, реализацијата се движеше околу 40 проценти.

Овој пад не е без последици. Кога капиталните проекти не се реализираат, се стопира економската активност, градежниот сектор трпи загуби, нови работни места не се создаваат, а инфраструктурните дефицити остануваат нерешени.

Понатаму, токму во услови на ваков драматичен пад на капиталното трошење, државата продолжува со нови задолжувања кои дополнително ја оптоваруваат јавната фискална рамка. Зголемувањето на јавниот долг без соодветна реализација на капиталните проекти ја зголемува ранливоста на економијата и ја намалува фискалната одржливост. Иако државата се задолжува значително, вклучувајќи го унгарскиот кредит и заемот од Обединетото Кралство, процентот на капитални инвестиции останува исклучително низок. Ова претставува алармантен знак дека голем дел од позајмените средства се трошат за тековна потрошувачка како покривање буџетски дефицити и плати, (секако во служба на предизборен поткуп),наместо за проекти што ја градат иднината на државата.

Со други зборови, задолжувањата наместо да бидат алатка за развој, стануваат камен врз грбот на економијата, зголемувајќи ја зависноста од нови заеми за покривање на основните потреби. Ова е патека по која ниту една држава што мисли на својата иднина не смее да ја следи.

Во суштина, 2025 година веќе станува симбол на изгубена буџетска година. Наместо развој, гледаме стагнација. Наместо економски импулс, гледаме пропуштени можности. Ова не е изолиран пропуст, туку предупредување за криза во управувањето со јавните инвестиции и фискалната политика.

Сепак, изгледа, не ќе да е до температурите.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

анализа Андреј Жерновски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.