Дејан Трајковски: Не лутете се на тие коишто гласале за ВМРО-ДПМНЕ, туку концентрирајте се на оние што не излегле на гласање, а тоа се речиси 60% од запишаните избирачи.
Проблемот, значи, не е толку во нивното тврдо партиско гласачко тело, туку во апатијата и разочараноста на мнозинството кое останало дома, за што секако имало причини, иако не и оправдување.
Вмровците не можете да ги промените. Тие имаат верно гласачко тело од партиски клиенти, кое фанатизирано се бори пред се за своите лични интереси, а дури потоа за партиската кауза. Така 15%-20% од запишаните избирачи им ја решаваат судбината на останатите 80%.
Познати е дека политичките и економските клиенти на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат по програма, туку по чувство на припадност, зависност и лојалност. Тоа е затворен круг кој тешко може да се пробие без системска промена. Затоа и не вреди да се работи на тоа.
Но, оној молчаливиот дел од населението, кој не гласа, претставува реална резерва на демократијата и со него треба да се работи. Ако тие се придобијат, но не со празни ветувања, туку со доверба, искреност и чувство дека некој навистина сака да ја ослободи државата од грабливците се за добро на сите граѓани, тогаш може сосема да се промени сликата на целата држава.
Луѓето треба да сфатат дека не е точно дека од нив не зависи ништо, туку напротив, од нив зависи се`, под услов масовно да излегуваат на избори и да гласаат за било кого, само не за владеачките партии. Да, не треба да се гласа ни за ЗНАМ и ВРЕДИ, бидејќи и тие ја одржуваат во погон штетната власт заради лични интереси.
Извор: Фејсбук
