Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е точно дека Украинците во саботата погодиле два руски брода, погодиле четири

0
By Marija Todorovska on March 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е точно дека во украинскиот ракетен напад врз базата на руската црноморска флота во Севастопол, во окупираниот Крим, беа погодени два руски воени брода, како што беше соопштено предходно. Крстосувачки ракети ЕГ или Нептуни, или нивна комбинација, лансирани од страна на украинската морнарица- погодија четири руски бродови.

Како што пренесува Форбс, оштетените бродови наводно вклучуваат два активни десантни брода од класата Ропуча – Јамал и Азов – како и неактивен Ропуча по име Костијантин Олшански што Русија го зароби од Украина за време на инвазијата на Крим во 2014 година. Четвртата жртва е разузнавачки брод, Иван Хурс, кој пред 10 месеци преживеа напад од украински беспилотни чамци.

Додека сателитските снимки на Севастопол, регистрирани во деновите по нападот, се чини дека потврдуваат оштетување на неколку бродови, тоа не укажува на очигледни потонувања. Можно е сите четири бродови за кои Украинците тврдат дека ги погодиле во дворот за поправка во Севастопол, да можат и да се поправат.

Но, нападот барем привремено ја намали, за околу 15 проценти, предвоената сила на Црноморската флота од околу дузина десантни бродови. Пред една година, кога рускиот гарнизон во јужна Украина во голема мера зависеше од поморските линии за комуникација за да ја премести муницијата до полковите и бригадите на првата линија, тоа можеби беше многу голем проблем за Кремљ.

Но, руските инженери неодамна ја завршија новата пруга што го поврзува Ростов, во јужна Русија, со Мариупол во окупирана јужна Украина, со што се отфрла потребата од големи поморски пратки за одржување на руските трупи долж јужниот фронт на Украина. Железничките пруги, кои се прилично лесни за поправка, е потешко да се спречат отколку бродовите. Што значи, ударите врз руските десантни бродови и не се толку штетни за воените напори на Москва како што можеше да бидат претходно. Но, со оглед на изборот помеѓу уништување или оштетување на руски бродови и не уништување или оштетување на руски бродови, Украинците сигурно би го избрале првото.

Во две години тешки борби, Украинците оштетија или потонаа, користејќи проектили и беспилотни чамци натоварени со експлозиви, седум активни Ропуча и еден десантен брод од класата Тапир. Тие, исто така, уништија – од оригиналните триесетина големи бродови на Црноморската флота – крстосувач, подморница, брод за снабдување, неколку патролни чамци и две ракетни корвети и исто така оштетија шпионски брод.

Како што објави предходно Цивил Медиа, според соопштението на портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук,  Украина потопила или онеспособила една третина од руската воена бродска флота во Црното Море за време на двегодишната војна.

Со ова темпо, Црноморската флота би можела да престане да функционира за уште 18 месеци или две години. И пошироката руска морнарица не може многу да направи за да ја запре оваа постојана деградација, бидејќи не може да ја зајакне Црноморската флота со големи бродови.

Поголемите бродови кои не можат да се пренесат по копно или река мора да поминат низ Босфорскиот теснец за да влезат во Црното Море. Турција го контролира теснецот и не им дозволува на борците да транзитираат за време на војна.

Драган Мишев / Цивил Медиа

брода Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.