Македонското здравство нема организиран систем за трансплантација. Национален координатор нема повеќе од четири месеци, а министерот Филипче најавува лиценци за приватни болници каде ќе може да се врши пресадување на органи. Како ќе се стави контрола, има ли можност од злоупотреба и трговија на органи, особено на лица кои доаѓаат од странство и со себе носат органодарители? Како да се создаде систем кој во изминатите 30 години постојано тргнува, па застанува, има ли можност ад влеземе во мрежата за размена на органи за да можат и наши граѓани да добијат жанса за живот.
На оваа тема дискутираат проф.др. Стојка Нацева Фуштиќ од Клиниката за детски болести, др.Маја Мојсова раководител на КАРИЛ, др. Елена Зафировиќ абдоменален хирург, субспецијалист за трансплантација на Кебриџ и др. Игор Николов, нефролог.
Погледнете ја и сторијата за 21 годишната Ангела на која пред две години и беа пресадени бели дробови во Виена и сега живее втор живот. Ангела ја најдовме на кејот на Вардар како џогира со нејзиното момче.