НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Не се срамам од моето комунистичко минато“ го затвора 42. МОТ

0
By Нова ТВ on October 4, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со претставата „Не се срамам од моето комунистичко минато“ на реномираната театарска режисерка и актерка Сања Митровиќ и српскиот актер Владимир Алексиќ во 20 часот во МКЦ, се спушта завесата на овогодинешниот МОТ 42.

Во „Не се срамам од моето комунистичко минато“, реномираната театарска режисерка и актерка Сања Митровиќ и српскиот актер Владимир Алексиќ се осврнуваат на неодамнешната историја на Социјалистичката Федеративна Република Југославија, земја, која денеска постои само во имагинацијата и сеќавањата. А сепак, основната идеја на СФРЈ, како мултиетничка, мултирелигиозна социјалистичка држава, е сè уште актуелна битка на европските земји денес. Или барем тоа е уверувањето што ги споило овие двајца артисти и пријатели од детството, кои емигрирале во 2001 година. Додека Сања сѐ уште живее и работи во Западна Европа, Владимир се вратил во Србија, за одново да го гради својот живот таму.

Во џебното кино МКЦ, во 11 часот, во рамките на 42. издание на МОТ, ќе се одржи презентација на тема Подобра публика и подобри граѓани преку воведување на задолжително Театарско образование во Македонија.

Театарското образование во Македонија е воведено во 2001/02 година, со воведување на предметот Драмска уметност во рамките на реформираното гимназиско образование. Оттогаш, па до сега, наставниот план по овој предмет е изменет само еднаш. Театарското образование во светот се јавува во 1953 година, се поставува прашањето зошто македонскиот образовен систем доцни?

МОТ смета дека преку задолжителното изучување на театарската уметност во сите средни училишта во Македонија, не само што би можело да се создаде нов бран на театарска публика, туку и да се влијае врз развојот на идното граѓанство и идните генерации.

Презентацијата ќе ја води м-р Милош Б. Андоновски, театарски режисер со педагошки доквалификации и професор по театарска уметност. Во рамките на презентацијата, ќе бидат претставени и резултати од истражувањето на Андоновски, за влијанието на театарската уметност врз развојот на личноста на средношколците.

42.издание МОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.