Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се вакцинирале пред патување и заболеле од маларија

0
By Менче Атанасова Точи on July 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Двајца македонски граѓани минатиот месец заболеле од маларија. Тие биле на службени патувања во Гана и Сиера Леоне, а веднаш по доаѓањето во земјата се разболеле. И двајцата воопшто не земале терапија пред да патуваат во овие далечни земји.

Инфектолозите велат дека тие успеале да се излекуваат. Но, загрижува фактот што мината година петмина граѓани се заразиле со маларија во странство, а последните неколку години се зголемил бројот на луѓе кои заболеле од маларија во некоја од стоте ризични земји тврдат во Комисијата за заразни болести.

-Апелираме до граѓаните кои патуваат во некоја од овие држави, особено во Афричките земји задолжително да се јават во Центарот за јaвно здравје за да земаат терапија пред патување, а кога ќе се вратат да бидат под надзор на лекар неколку дена изјави доктор Јованка Костовскa од секторот за превентивна заштита во Министерството за здравство.

Особено ова важи за организаторите на патувањата кои често не обрнуваат внимание на овие работи потенцираат од таму.

Освен од маларија, граѓаните треба да се заштитат и кога патуваат во земјите каде што владее жолта треска, чума, хеморагична треска, колера. Опасност од жолта треска постои во 32 земји меѓу нив и Авагнистан и Ирак каде што наши граѓани одат да работат таму. Тие мора пред патување да примаат вакција која е на нивен трошок, а цената е различна во зависност за која болест се работи.

-За жолта треска терапијата чини околу 2000 денари, а антималариците се движат од 2000 до 5000 денари во зависност од тоа колку време треба да се примаат. Но, доколку заболат кога ќе се вратат лекувањето е на товар на државата изјави Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје.

На Клиниката за инфективни болести велат дека се подготвени со капацитет и кадар, но и со лабораториски тестови за навреме да ги детектираат овие опасни болести. Од таму велат дека досега не е детектиран ниту еден случај на западно нилска треска која како и маларијата се пренесува преку комарци, од која лани заболеа неколку граѓани кога се вратија од летување во Грција. Како ризичен период лекарите ги посочуваат летните месеци и септември кога обично се регистрираат првите случаи.

Од опасниот корона вирус кој го има во Саудиска Арабија досега починале 42 лица. Дел од нив престојувале таму, по што болеста ја донеле во Европа. Во Комисијата велат дека превземаат мерки на заштита со оглед дека за два месеца наши граѓани заминуваат на аџилак таму.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.