Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се знае каде завршиле парите наменети за превенција на рак на дојка

0
By Менче Атанасова Точи on February 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во Македонија не се спроведува скрининг на рак на дојка иако се издвојуваат средства за оваа намена. Министерството за здравство и Владата трошеле средства од буџетот на Програмата без притоа да има логична поткрепа и објаснување за што се потрошени овие средства кога во овој период не е спроведен планираниот скрининг, тврдат за НОВА од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ.

Од таму велат дека нема објаснување каде оделе парите наменети за Програмата за скрининг на рак на дојка во периодот на 2011-та и 2012-та година.

„Мерките за превентива со Програмата за скрининг на рак на дојка воопшто не се спроведени во текот на 2011-та и 2012-та година иако ракот на дојка се наоѓа на прво место по зачестеност од малигните заболувања и на прво место од причинителите за смртност кај жените. Податоците од изминатите две години се обработуваат иако многу тешко доаѓаме до потребните информации и податоци од Министерството“, изјави за НОВА Борјан Павловски, координатор на програмата за јавно здравје во ЕСЕ.

Буџетот на Програмата за скрининг на рак на дојка во 2012 -та година е намален дури за 47 проценти во однос на 2011-та година. Во 2012-та година речиси 70 проценти од издвоените средства во буџетот на програмата се средства за исплата на долгови за извршени услуги во претходната 2011-та година.


НОВА го праша министерот за здравство Никола Тодоров дали се спроведуваат мерките за превенција на рак на дојка за кои има издвоено финансиски средства, на што тој одговори дека за ова бил запрашан и од една невладина организација со која планира заедничка средба.

„Ќе се сретнам со преставниците од оваа организација, а во иднина ќе се одвојат финансиски средства и ќе следуваат сериозни активности во оваа насока, изјави Тодоров.

Во државата нема ниту организиран скрининг за рак на грлото на матката. Од ЕСЕ велат дека имале проблем во текот на обработката податоците бидејќи податоците од Центрите за јавно здравје не се совпаѓале со тие од Институтот за јавно здравје.

„Во процесот на обработка на податоците, се соочивме со низа недоследности и нејаснотии во планирањето на мерките во Програмата, недостаток на јавно достапни податоци кои се однесуваат на програмската и финансиската имплементацијата на Програмата и неможност за анализа на податоците, а се наменети за жени на возраст од 24 – 35 години од целата територија на државата, жени Ромки, тие од руралните средини и жени кои живеат во неповолни социо – економски услови, изјави Павловски.

Иако Министерството и Владата уште пред четири години најавија формирање на Координативно тело за превенција за рак на грлото на матката, во буџетот воопшто не биле предвидени средства за ова намена.

„Оттука, може да се претпостави дека, во текот на 2012 година, Координативното тело не функционирало и не ги извршувало функциите предвидени во Програмата. Министерството за здравство назначило лице од секторот за превентивна здравствена заштита кое ќе биде одговорно за имплементација на Програмата, но во истата не се дефинирани неговите задолженијата и не се издвојуваат средства за неговото работење. Ова значи дека одговорното лице нема однапред утврдени задачи кои ќе треба да ги извршува и не добива средства за вршење на оваа функција“, вела во ЕСЕ.

Не биле издвоени ниту финансиски средства кои биле предвидени за обука на цитоскринери, односно на 30 медицински техничари кои се вработени во јавните здравствени установи, не била реализирана ниту кампањата за промоција на скринингот во текот на 2012 година, така што жените и понатаму не се запознаени со мерките и услугите кои што им стојат на располагање, велат од ЕСЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.