Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не смее да се критикува Владата на Заев

0
By Биљана Секуловска on February 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е сега најдобриот момент да се критикува Владата на Заев. За било што, за што и да е, не е добро, никако не е во ред. Ова е чувствителни времиња: над глава, како мач ни виси спорот за името со Грција, мора да се мисли на државните интереси пред се, на иднината која е несигурна и кревка, како што е државата. Соземете се господа, мислете на повисоките цели, не на сопствените ниски новинарски страсти.

Не е докрај препорачливо, да не речам воопшто дека постои простор за критика на Владата на Заев. За што и да е, за било што, прегризете го јазикот, исечете ја раката која сака да пишува, одрубете си ја главата да не мисли, дајте ја на најблискиот министер, тој нека се изживува со неа.

Помислете на опасноста, еднакво заканувачка, на можноста дека ако ја критикувате Владата на Заев, дека вие нешто друго посакувате, некој би помислил нешто сулудо, неверојатно, дека сте некој што е со зла намера, ако ја критикувате Владата на Заев.

А тоа не е добро, тоа не е за вас отворен опција, не би смеело да биде, некој да помисли дека сакате да се врати ВМРО-ДПМНЕ. Зарем тоа посакувате, господа? Бидете сериозни, бидете мудри, проникливи, рационални, бидете добога, еднаш со здрав разум, зарем тоа господа вам ви изгледа како можно решение?

Не бидете ситничари, не си дозволувајте сарказам, од каде господа се појави овој цинизам кога сега е најмалку потребен, да почувствувате во градите жежок удар, да ви зоврие во главата, да сака да експлодира како огнена топка, да посакате да ја критикувате Владата на Заев?

Знаете ли колку се болни, убиствени реформите, знаете ли колку време е потребно за нив, натчовечки напор, советници и функционери разни, зелени глави од 34-35 години, некоја година повеќе, помалку, давајте и наддавајте знаење, искуство, години, искуство, господа, нека има, нека не се штеди.

Знаете ли колку време им е потребно да созреат, дајте им време, дајте го сето време на овој свет, дајте им ги навредите, заканите, безобразлукот, ароганцијата на министрите, секретарите, онаа машинерија за односи со јавност, секој што комуницира со вас, се дајте им и замолчете добога.

Нека скокаат над вашата глава кога поставувате прашања, нека врескаат дека ги местите кога прашувате за корупција и конфликт на интереси, наместо да прашувате за реформи, тие за тоа ве чекале.

Меко, благо, подисплашено изгледајте, вежбајте го гласот, нека биде плачлив, покорен, бидете им слуга,  пропагандист станете им.

Прашувајте тоа што сакаат да чујат, општо земено и округло, не поставувајте вистински и тешки прашања, не сте за тоа дојдени, господа новинари.

Само гледајте ги и молчете, или подобро воопшто не ги гледајте, не барем во очи, што си замислувате, зарем помисливте дека сте еднакви?

Само за тоа сте вие повикани кај нив, додека седите после интервју, а тие над вас застанале, викаат, викаат, викаат, нека викаат и понатаму, нека ви се закануваат дека ако следниот пат ги наместите, најдругарски не ви препорачуваат тоа да ви се случи, тоа само заслужувате господа новинари.

Немојте да ја критикувате Владата на Заев- можеби ако поставувате прашања за конфликт на интереси ќе ви ги споменуваат вашите деца, можеби ќе бидете притиснати да не пишувате, а тоа значи да престанете да постоите.

Не отворајте живи рани сега, кога крвари реформскиот организам, не си играјте господа, засрамете се, казнете се самите себе, удрете си по некој камшик, но така да ве видат сите, нека се знае кога сте ја искритикувале Владата на Заев.

Нека ве надгледува во самоизмачувањето најтесното партиско тело на Бихаќка, нека присуствува на самозапалувањето, нека аплаудира, никој нема да заплаче горко во што се претвори Шарената револуција.

Нека се собере целото врвно во успесите раководство, нека испратат автобуси, нека дојде гласачкото тело на СДСМ од цела Македонија, нека се одржи митинг за предупредување за останатите критичари- со билборди со вашиот лик и кукли со вашата глава на копје.

Нека испратат пријателски новинари, ене им ги Цаци и Сарма, за малку па преобратени, ним секоја партиска прегратка им е иста, само нека преживеат и нека ги нарекуваат новинари, затоа што реформите мора да почнат.

Нека ви ги удрат камерите од глава, нека ви го обмотаат микрофонот со жицата околу вратот, нека се смеат сите, нека се фатат за стомаците од смеење до породување на нови, врли новинари, послушни пера, нека прогласат вонредна состојба во која во огномет ќе одлетате за никогаш повеќе да не се осмелите- да ја критикувате Владата на Заев.

Сум  ги покривала сите Влади на СДСМ, но ваква Влада не сум видела.

Ги пишувам овие букви господа, затоа што морам да пишувам. Затоа што ако не пишувам, ако ме замолчите, ќе го снема воздухот,  ќе заврши се, се ќе снема околу мене, ќе остане само Владата на Заев, а тоа ние не би сакале, зарем не?

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.