„Не за предлог-законот за прекин на бременоста“, под ова мото неколку граѓански асоцијации го започнаа протесттот пред Собранието.
Протестот се организираше преку социјалните мрежи поради тоа што Собранието по скратена постапка денеска треба да гласа за овој предлог закон.
Владиниот предлог-закон предвидува прекин на бременоста да може да се изврши само еднаш годишно, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.
Во предлогот се предвидува дека ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста.