Марија Нацева, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Неготино, со видео запис и текст се пофали дека почнала да реализира проекти иако се уште е само секретар на општината и уште е само кандидатка за градоначалник.
Започна изградбата на кружниот тек кон Кавадарци, напиша таа.
Пред само неколку недели ви ветив дека токму овде ќе започне нова страница во сообраќајната инфраструктура на Неготино.
Денес, машините се на терен и работата е во полн ек.
Тоа е разликата кога некој не само што ветува, туку и испорачува.
Проектот е со вкупна вредност од 9.265.257 денари, финансиран од проектот за поврзување на локални патишта од Светска банка преку Министерство за транспорт.
Општината кофинансира 1.015.881 денари.
Вториот круг од изборите се за два дена, в недела на 2-ри ноември, но тоа на партиската кандидатка од редовите на владејачката партија не и пречи да си ја турка изборната кампања во која, како што самата пишува, ја вовлекла и Светска банка.
Со оглед на фактот што вакви кампањски активности на учесници во изборниот процес со кои се кршат законот и изборните принципи се недозволени, се очекува реакција и санкции надлежните институции.
Извор: СДСМ
