Поднесоци ќе следат и против возачите и фирмите кои вршеле јавен превоз без документација согласно член 284-А од Кривичниот законик.
На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 5 возила (ГВ) со неисправни сопирачки и 8 возила (ТЕ-4 и ГВ-4) кои не поседувале соодветна документација. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против возачите и фирмите кои вршеле јавен превоз без документација согласно член 284-А од Кривичниот законик. Во контролата биле санкционирани и 4 други прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3), кои биле сторени од возила вклучени во јавен превоз, како и 5 други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3).