Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесност околу составот на идната влада во Чешка

0
By Нова ТВ on October 27, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашните предвремени парламентарни избори, кои завршија со тесна победа на најголемата левичарска партија, ЧССД, можни се повеќе комбинации за изгледот на идниот состав на Владата, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако, шансите за добивање премиерски мандат се малку поголеми кај левицата, сепак, ќе биде потребно освен Социјалдемократите, кои освоија над 20,45 отсто (50 мандати) од гласовите, во Владата да учествуваат уште два коалициски партнери.

Синоќа, веќе разговараа врвовите на ЧССД и комунистите (КСЧМ-33 пратеници, 14,91 отсто) и договорија принцип на пропорционална застапеност во собраниските тела. Бидејќи заедно го немаат потребното мнозинство од 101 од 200-те пратеници потребен им е уште еден коалиционен партнер.

-ЧССД е подготвена за преговори со сите парламентарни партии, изјави лидерот Бохуслав Соботка, додавајќи дека со централно-десничарските ОДС и ТОП 09 нема да составува Влада.

Реално една од варијантите е Влада на ЧССД, АНО- 2011, КДУ-ЧСЛ (Христијанска и Демократска унија – Чехословачка народна партија) кои заедно би имале 111 пратенички гласови.

Лидерот на АНО, која доби поддршка од 18,65 отсто (47 мандати), милијардерот Андреј Бабиш веднаш по објавувањето на изборните резултати изјави дека партијата ќе остане во опозиција и нема да поддржува ниедна Влада, но подоцна не ја отфрли можноста дека ќе учествува во постизборните преговори.

Друга коалиција би можеле да состават Социјалдемократите и Демохристијаните (КДУ-ЧСЛ-14 мандати) заедно со комунистите (КСЧМ) кои добија поддршка од 14,91 отсто, односно 33 мандати, со учество на уште еден партнер. Оваа варијанта, во голема мера е неостварлива заради предизборните најави на КДУ-ЧСЛ која отфрли било какво учество во Влада заедно со комунистите.

Останатите можни комбинации, според мнозинството во Парламентот би биле возможни со коалиции од четири партии. Десницата би можела да обезбеди 103 гласа составувајќи коалиција од АНО, ТОП 09 (26 мандати), ОДС (16 пратеници) и КДУ-ЧСЛ. Ова, може да биде неостварливо поради најавата на шефот на партијата, Карел Шварценберг, кој отфрли секаква владина соработка.

„Кога ќе ги погледнам резултатите, го исклучувам нашето присуство во Владата. Мајка ми секогаш ми велеше: „Избегнувај лошо друштво“, напиша Шварценберг на Фејсбук.
Во речиси сите комбинации, со 14 пратенички мандати може да се вклучи и партијата Усвит (Зора) на сенаторот Томио Окамура.

Голем пораз кај електоратот доживеа Партијата за правата на граѓаните – Земановци чиј почесен лидер е актуелниот претседател на државата Милош Земан, освојувајќи 1,51 отсто од гласовите на граѓаните.

Уште полошо, со освоени 0,42 отсто помина избирачкиот блок „Главата горе“ која беше поддржана од претходникот на Земан, Вацлав Клаус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.