Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нека е честит Црниот понеделник

0
By Zoran Ivanov on December 24, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 24, 2025 22:04

Од „црниот понеделник“, преку „крвавиот четврток“ до денешната надолна спирала: 13 години надежи, стравови и разочарувања.

Џабир Дерала

На 24 декември 2025 се навршуваат 13 години од „црниот понеделник“, денот кога власта на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, насилно ги исфрли новинарите и опозициските пратеници од Собранието за да го протурка буџетот за 2013 година без расправа и без демократски легитимитет легитимност. Година дена подоцна, годишнината ја одбележаа десетина активисти за демократија и човекови права, со банер на кој пишуваше „Борбата продолжува“. Но банерот беше подолг отколку што имаше луѓе да го држат, па помогнаа неколку новинари. Само една година подоцна!

Тоа беше време кога авторитарниот карактер на режимот веќе одамна беше престанал да се крие зад процедурите и стана отворено брутален кон сите што покажуваа несогласување или незадоволство. Неразјаснети убиства (Никола Младенов), спектакуларни апсења, судско-полициски прогони на новинари, интелектуалци, опозиционери…

Пет години подоцна, на 27 април 2017 година, истиот тој режим — веќе во пад — се обиде со насилство да ја спречи демократската транзиција. „Крвавиот четврток“ ќе остане запаметен со насилниот упад во Собранието кога брутално беа нападнати пратениците на демократските партии и новинарските екипи, политичките лидери беа со раскрварени глави, а еден од нив – Зиадин Села – за малку ќе беше убиен во крвничкото гангстерско тепање снимено со камерите во ходниците на Собранието.

Тоа не беше знак на сила, туку на пораз. Тој ден го означи крајот на една авторитарна ера и почеток на големото ветување дадено за време на Шарената револуција во 2016 годна: проевропска, про-НАТО, демократска држава.

Но осум години подоцна, државата повторно се движи наназад. Истата партија — со ново раководство, но со старата политичка логика — ја враќа државата на авторитарните шини во обратната насока од ЕУ.

Ја гледаме познатата матрица: партизација на институциите, контрола врз медиумите, напади врз критичките гласови, релативизирање на сопствените злоупотреби од минатото и сегашноста, и постепено враќање на логиката дека државата му припаѓа исклучиво на победникот на изборите. Накратко – државата повторно е заробена. Разликата е само во стилот и лицата пред камерите. Суштината останува иста.

По 2017-та, граѓаните очекуваа не само геополитички пресврт, туку и внатрешно ослободување: правда, функционални институции, подобар животен стандард, достоинство. Дел од тие очекувања беа објективно тешки за постигнување — мнозинството беше тесно, реформите сложени, глобалните кризи жестоки: пандемијата, а потоа и руската агресија врз Украина. Навистина, во периодот 2017-2024 економската состојба и стандардот забележаа благ пораст, а земјата направи пробив со огромни чекори кон ЕУ, а стана и членка на НАТО во клучен момент.

Но слабостите не беа само во околностите. Реформите беа бавни и нерешителни, клиентелизмот и корупцијата преживеаја, а чувството дека „ништо суштински не се менува“ фати длабоки корени. Тоа разочарување беше претворено во политичко гориво за изборна победа. Се разбира, разочарувањето на луѓето не беше искористено за да се подобри системот – таква намера никогаш и не постоела – туку само да се зграпчи власта и да се делегитимира самата идеја за можност за демократска промена.

Но враќањето наназад не е само домашен производ. Тоа е дел од поширок контекст: високи пропагандни бранови од Кремљ и систематски руски операции на влијание насочени кон Западниот Балкан, со интензивно користење на главниот прокси играч – Србија. Овие операции успешно ја разнишаа довербата кон ЕУ и НАТО, помогнаа национализмот да се врати на голема врата и ја претворија „цврстата рака“ во привлечна политичка понуда. Луѓето се апатични и ретко кој, ако воопшто некој, верува дека промени се можни: „правдата не ги допира богатите и моќните, а реформи и онака никој не спроведува“. Широко распространето е уверувањето дека „Западот нè изневери“, а единствената надеж е дека „цврстата рака“ на власта ќе воведе ред. Со други зборови, на авторитаризмот веќе не се гледа како забрзано чекорење кон нестабилност и криза, туку се смета за „прагматизам“.

Затоа „црниот понеделник“ не е само спомен, 27 април не е само немил, насилен настан, падот на режимот во 2017-та беше само пауза, а не крај. Токму таму се наоѓаме денес, 13 години од тепањето на пратениците и новинарите во собраниската сала кога успеавме да го вџапшиме светот, не за првпат.

Што треба да кажам на крајот? Дека има надеж? Дека не сме осудени постојано да го повторуваме овој круг? Дека овој текст нема врска со изборните битки меѓу политичките партии, туку со институциите во кои со генерации се негуваат неказнивоста и корупцијата? Треба ли – по милионити пат – да се каже дека во прашање е политичката култура и неопходноста за коренити, а не козметички промени? Животот ни се претвори во евтина претстава со пи-ар акробации на структурите на моќта во бескрајна низа од мандати исполнети со скандали, измислени и реални, што им служат на сите, само не на граѓанките и граѓаните.

И сега, откако ќе го прочитате овој текст, пред да седнете да гледате вести на ТВ, размислете дали ова го засегнува секој човек поединечно. Јас велам да. Овде станува збор за избор меѓу две логики. Избор што треба да го направи секој. Едната е логиката на институции насочени кон владеењето на правото, плурализмот, демократијата и одговорноста. Наспроти неа е логиката на контрола, доминација и „цврста рака“. Историјата веќе еднаш ни покажа каде води втората.

Ако вака се продолжи, датумите на „црниот понеделник“ и „крвавиот четврток“ наскоро ќе се слават како датуми на македонската револуционерна борба.

Еве, ќе бидам првиот што ќе честита. Честит Црн понеделник и честит Крвав четврток!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна црн четврток Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.