Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нека има сеопшта амнестија, нека слават сите

0
By Биљана Секуловска on November 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто одеднаш почнавме да се згрозуваме, да ни се слошува од враќањето на историјата на старите злосторства кои треба да се прогласат за мртви и непостоечки.

Зошто би се шокирале за повторното ставање на маса на Уставниот суд- да се прогласи амнестија за сите осудени, обвинети, осомничени од СЈО, за сите злосторници на 27 април.

Зарем не се навикнавме одамна на печатот кој ни е ставен на сите, на рацете и плеќите, го носиме како жиг, како доказ дека сме го преживеале груевизмот и сега го дочекуваме со раширени раце да  се врати на голема врата.

Зошто да не господа, нека го завртиме повторно тркалото на историјата, нека има сеопшта амнестија, нека слават сите, нека паднат сите затвори, истраги, злосторства, нека има општонародно славење, зошто да не, конечно.

Нека направат Влада сите амнестирани- Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Камчев, Мукоски и Тарчуловски, списокот е долг, нека влезат таму и останатите кутри, наседнати, невини, таму спаѓаат и Катица и Боки, нели.

Наместо нив нека одговараат Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, веќе некои ги седнаа на обвинителна клупа, ги расчеречија, ги понижуваат и исмеваат секојдневно. Во сиот тој список за бонуси на Јанева, кој таа од ракав секако дека го тресела, да го цитирам Калајџиев, сепак, дел од јавноста одлучи дека тие двете се највиновните, о, па добро, нека понесат одговорност, сеедно што беа најмногу видливи и на мета, во таа, сега веќе стана јалова борба против криминалот,  во која амнестиите се сè што добивме на крај.

Нели се сите исти, како што некои длабокоумни мудреци велат со воздишка, разочарано и резигнирано, трескајќи на масата дека повеќе не излегуваат на ниедни избори, секако не на овие, затоа што биле, видете побогу, сите биле еднакво виновни, истата криминална матрица, истиот, стар, добар ков на злосторници. Нека не излегуваат и на овие избори, аплаудираме на таа одлука, секако дека никој од нив не видел ниту еден удар во градите во груевизмот, затоа што ако видел и доживеал само еден, никогаш нема да помисли дека навистина сите можат да бидат исти, никакви, ужасни.

Нека одговара Пендаровски за изјавата дека ова барање за амнестија е директен удар врз правната држава и демократијата, кој ги повикува петте судии од Уставниот суд да се освестат. Нека пропати барем еден претседател, ако не можеше Иванов, затоа што конечно, нели се сите исти во оваа држава?

Да се прогласи за виновна министерката за правда Десковска, која сонува за некаква правичност, правда, правна држава, неа секако не смее да ја помилуваме, затоа што нели сите биле исти?

Да го прогласиме за виновен Тортевски кој вели дека Иванов требаше да одговара за аболицијата, зарем не се сите исти, конечно?

Ова се денови за радост и безгрижност, да му посакаме добредојде на Груевски, да му кажеме добредојде минато, овој прекрасен стар свет за кој само вие знаете и можете во него да живеете во вашата иднина.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.