Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема амнестија за насилниците од 27 април во Собранието

0
By Нова ТВ on April 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки.

– Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев на прес-конференцијата во Собранието на годишнината од насилствата.

Доколку Заев, како што рече, помисли и на такво нешто, против него ќе се свртат пратениците, новинарите и камерманите, но и граѓаните.

– Законот мора да важи еднакво за сите, рече Заев.

Џафери, пак, вели дека нема место за размислување за таква опција (амнестија) затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

– Не мислам дека решението за самата опозиција е во фактот и во можноста формално да се постави и да се покрене една таква иницијатива. Без оглед што можеби тоа и го пропагираа во почетокот после настаните, јас сум убеден дека по една година цврсто се мислат и тие дали би направиле еден таков чекор. Мислам дека сфатиле што се случило, да не кажам што направиле, рече Џафери.

Кажав, додаде тој, простувам, но не заборавам што се случило затоа што доколку заборавам или заборавиме, тогаш постои можност да ни се повторат заборавените работи коишто сме ги надминале.

– Од таа причина сметам после една година ни самата опозиција веќе не стои на тој став дека треба да има амнестија без оглед декларативно што ќе кажат, дециден е Џафери.

Премиерот Заев не одговори дали знае или се сомнева во тоа кои се инспираторите на настаните од 27 април, туку рече дека верува оти низ доказната постапка преку истрагата ќе се утврди максимално вистината по која што, вели тој, а веројатно и сите граѓани трагаат.

– Не само насилниците, не само директно вклучените, можеби и инспираторите, тајно организаторите од позадина на овој настан. Ако има докази, јас сум убеден дека преку тие докази ќе се утврдат и инспираторите. Ако нема докази верувам дека постои време и можност кога ќе се појават. Никоја тајна не останува трајна никаде, рече премиерот.

Правна разрешница, според него мора да има, но инспираторите и организаторите мора да сносат и политичка одговорност.

Бруталните и насилничките настани на 27 април во Собранието, кажа премиерот, не беа напад против нас туку против демократијата. Тоа беше повеќе од криминал, повеќе од предавство, рече Заев.

Заев кажа дека денес се уште не може да прифати дека некои од тие насилници за да го реализираат нивниот, како што рече, монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидација на некои од членовите на Собранието.

– Во нивните очи се гледаше зло, чисто зло и намера за одземање човечки животи, рече Заев.

Премиерот потенцираше дека мора да има правна разрешница на случајот и дека, сепак, овој настан ја поттикнал уште повеќе слободата во земјата.

Кажа дека ситуацијата не ескалирала поради присебноста и мудроста на мнозинството пратеници, на медиумските екипи, но и граѓаните кои се воздржале од реакција.

– Повеќе од што било таа присебност му покажа на светот дека Македонија е спремна за нова иднина, рече Заев.

Една година потоа Македонија се врати на патот по кој чекорат сите европски демократски држави.

– Ја убедивме ЕК дека заслужуваме препорака, сега сакаме да ги убедиме земјите членки на Европскиот совет дека заслужуваме почеток на преговори за ЕУ, рече Заев.

Претседателот на Собранието Џафери денеска на една година од крвавите настани во Парламентот порача тие никогаш да не се повторат.

– После една година влегувам овде и го имам истото она чувство и се присетувам на ситуација кога во еден момент треба да мислам за живот или смрт. Ситуација кога на екранот гледаш дека маса граѓани насилно влегуваат и мислиш дека според она што е поставено системски не може да се влезе во Собранието, колку и да има луѓе однадвор. Чувството дека некој одвнатре тоа го прави е уште потешко. За жал, дознавме дека тоа одвнатре го прават наши колеги кои делат иста судбина и јадат ист леб. За жал, дел од тие кои беа и се обврзани да ги обезбедуваат животот и работа на пратениците и на службениците во Собранието не беа на нивото на својата задача, рече Џафери.

Како претседател на Собранието, сепак, и тогаш и повторно по една година, рече дека им простува на сите што не биле на нивото на задачата.

Зијадин Села, кој најмногу настрада во насилствата, како и пратениците од опозицијата, биле поканети да присуствуваат на прес-конференцијата, но тие не дојдоа.

За насилствата на 27 април, се води постапка за обидот за убиство на Зијадин Села во Кривичниот суд. И денеска, точно на годишнината од случувањата на 27 април минатата година, се одржа рочиште. За овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.