Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да бидеме исти

0
By Нова ТВ on November 22, 2020 ВЕСТИ
Почнаа да се поместуваат кулисите на нашиот глобален брод, без јасни координати за пат. Само пловиме, гледаме да го сочуваме бродот. Секојдневно се менуваат правилата и ограничувањата, додека бурата беснее.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред ерата на короната, бевме во брзање кое владееше насекаде. Со хроничен недостаток на време, се занимававме со нешта кои се чинеа толку важни, што понекогаш немавме време ниту за своите најблиски. А тогаш на сцена настапи едно мало суштество, кое дури не може ни да се размножува само, па сме му потребни ние. И, како што сѐ што живее, настојува и бара начин да преживее, така и тој мал мутиран вирус си тера по негово.

Од Вухан во провинцијата Хубеи полека, но сигурно го освојува светот. Почнаа да се поместуваат кулисите на нашиот глобален брод, без јасни координати за пат. Само пловиме, гледаме да го сочуваме бродот. Секојдневно се менуваат правилата и ограничувањата, додека бурата беснее. Среде таа бура први се најдовме ние, медицинските работници. Весниците се полни со јунаци во последниве 8-9 месеци. Само летаат наслови по весниците и по блоговите за лекари кои во првите борбени линии гради в гради се борат со вирусот на корона. Исповеди на анестезиолози, на персоналот на интензивна нега. А, всушност, тоа се луѓе што си ја работат работата најдобро што можат. Некролозите се полни со такви луѓе. Полека се забораваат.

А што е со пекарите, со аптекатите, со касиерките, со чистачите на улици… кои не се најдоа на насловните страници.

Што е со бабите, со дедовците, со тетките, со чичковците, со родителите…

Дојдовме до тоа короната да нѐ учи како да живееме. Ги оживува исконските човечки вредности во нас. Се обидува да го разбуди оној мал витез во секого од нас, кој клечи таму некаде и чека со својата несебичност да го направи светот барем малку подобар. Мал витез што ќе ги натера учениците трудољубиво и вредно да работат од дома. Оној што ќе разграничи што е важно, а што навистина има значење за нашиот живот. Јунак, кој ќе се покаже така што ќе го кренеме погледот од нашите телефони и телевизори и ќе нѐ натера да размислиме за секој поединечен живот на нашиот глобален брод. Да се сочуваат бабите и дедовците, ние да ги сочуваме.

Ние и понатаму ќе ја работиме нашата работа, без оглед на тоа колкава е бурата, не плашејќи се од грмотевиците.

Вие? Вие разликувајте го потребното од неопходното. Навиките, потребите и барањата нека бидат релативни. Сфатете дека и изолацијата е релативна, бидејќи секако сме неважни едни без други. Пробајте тазе испечен домашен леб. Така и невремето ќе стивне. А кога ќе мине, нема да бидеме исти.

Д-р Амет Ибро, гинеколог, работи во неколку болници на Косово.

Текстот е преземен од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.