Ниту последната рунда од дијалогот во Брисел не резултираше со договор меѓу Белград и Приштина.
Претстојат нови консултации во надеж дека до идната недела ќе се премости тесниот, но длабок јаз меѓу двете страни, јавува Дојче веле.
Маратонските, тешки и по можните последици драматични разговори завршија без успех и конечен договор за надлежностите на српската заедница на Косово.
По 12 часови преговори со прекини, консултации, па и повишени тонови, премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави: „Во моментов немаме договор. Имаме уште некое време да евентуално дојдеме до некое решение, да ги собереме впечатоците по овој тежок ден.“