Нема ебола кај девојката од авионот кој патувал на релација Приштина-Дизелдорф, таа е задржана поради здравствени проблеми предизвикани од седативи а не ебола, јавува РТС.
Девојката е задржава во карантин на белградскиот аеродром. Девојката претходно имала смртен случај во семејството, информира санитарниот инспектор Раша Миланов.
Шефот на граничните санитарни инспектори Зоран Николиќ потенцираше дела сите патници кои патуваат од погодените подрачја каде што владее епидемијата со ебола, се ставени под надзор.
– Контролата е засилена, и се спроведува на сите меѓународни летови, изјави Николиќ.
Температурата кај патниците кои пристигнуваат од земјите од Западна Африка се мери со дигитален термометар.