Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема кратење на финаниската помош за децата со Даунов синдром, туку промена на методологијата, родителите да поднесат жалба за промена на одлуката

0
By Ана Василевска on September 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 15, 2023 16:10

Рацин.мк побара коментар на реакциите на граѓаните и на родителите со деца со Даунов синдром за наводното укинување на додатокот од 6000 денари за поддршка на овие деца.

Од Министерството за труд и социјална политика потенцираа дека нема кратење или намалување на висината на правата кои се однесуваат на децата со попреченост.

Во образложенито се истакнува дека родителите коишто се жалат дека немаат одобрено користење на посебниот додаток, односно за 8 од вкупно 113 со даунов синдром, биле известени да поднесат жалба на првите наоди, и во второстепена постапка повторно да се направи проценка на нивната попреченост и доколку постојат услови и за нив ќе биде променета одлуката на Комисијата за проценка.

Од МТСП дополнуваат дека оваа ситуација доаѓа од примената на новиот модел за проценка на потребите за лица со попреченост изработен во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).

МКФ ги класифицира здравјето и состојбите поврзани со здравјето таа не ги класифицира луѓето, туку ја опишува ситуацијата на секој поединец во низа домени на здравјето или домени поврзани со здравјето. Покрај тоа, описот секогаш се дава во контекст на срединските и индивидуалните фактори, велат од МТСП.

Оттаму, нагласуваат од министерството, кога професионалците ја користат МКФ, тие ги класифицираат информациите за функционирањето и попреченоста, но не ги категоризираат децата и младите со попреченост, не поставуваат дијагноза.

Затоа, објаснуваат од МТСП, Дауновиот синдром (Q90) според Меѓународната класификација на болести (МКБ-10), е само една од многуте дијагнози кои спаѓаат во категориите наведени во член 33 од Законот за заштита на децата и затоа нема потреба да се содржи индивидуално како дијагноза, туку врз основа на попреченоста која ја предизвикува кај децата, што е основа за користење на правата, како и кај другите дијагнози.

Од Министерството за труд и социјална политика нагласуваат дека инклузијата и почитувањето  на правата на лицата со попреченост е еден од клучните приоритети на Министерството за труд и социјална политика.

Она што е многу важно, ни рекоа од МТСП, е дека со новите политики ја менуваме перцепцијата кон попреченоста, се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно тој се заменува со немедицинско гледање кое ги поттикнува јаките страни и способности на децата и лицата со попреченост, ја обезбедува потребната поддршка што треба да ја добијат за да уживаат еднакви можности како сите и да го развијат својот потенцијал.

Инаку, како што велат од оваа институција, Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги унапредува и зголемува правата за децата со попреченост. На крајот на 2022 година направени се измени на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои се зголеми висината на посебниот додаток за 15 %, се намали возрасната граница за користење на  правото за траен надоместок за родителите кои чувале дете со попреченост без да го сместат во институција (од 64 на 62 години за мажи и од 62 на 60 за жени),  а се обезбеди вклучување на децата и лицата со комбинирани пречки во услугата за лична асистенција. Дополнително, во месец јануари 2023 се направи усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Правата на гарантирана минимална помош, паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, правото за попреченост, правото на детски додаток, посебен додаток (кој со првото згоемување од 2022 е зголемен за 30%), цивилна инвалиднина, траен надоместок за згрижувач, паричен надоместок за скратено работно време, домување, надоместокот за социјала сигурност на старите лица, се зголемија за 14.2 % врз основа на податоците на Заводот за статистика.

Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, за финансирање на социјални услуги  обезбедени се дополнителни 5.5 милиони евра повеќе од 2022 година, односно вкупно 7.8 милиони евра.

Од МТСП уште дополнија дека донесена е измена и дополнување на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните Дневни центри, односно 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа.

Воведено е ослободување од плаќање на здравствена партиципација како за децата до 26 години со попречености, така и за возрасните, платени со средства од МТСП.

Преку “Проектот за подобрување на социјалните услуги“, велат од Министерството за труд и социјална политика, заклучно со декември 2022, обезбедена е поддршка за 34 проекти преку кои се  создадоа услови за развој на социјални услуги кои опфаќаат околу 1300 корисници на локално ниво во вкупно 41 општина.

На крајот на  мај 2023, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, започна реконструкцијата на Јавната установа „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ во Скопје, која ќе прерасне во Центар за социјални услуги, каде покрај постоечките услуги, предвидени се и палета на здравствени, социјални и рехабилитациски услуги. За оваа намена обезбедени се вкупно 1.7 милиони евра.

Даунов синдром МТСП Помош за лицата со даунов синдром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.