Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема легализација на дивоградбите во заштитните и зоните на активно управување, најави Нуредини

0
By НОВА ТВ Balaban on December 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти, Владата предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитните подрачја утврдени со Закон, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на денешната прес-конференција.

Министерот Нуредини и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го презентираа Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти, со којшто се предвидува можност за легализација на дивоградби изградени пред 1 јануари 2021 година.

– Истото е предвидено за сите видови бесправни објекти изградени во границите на охридскиот регион, кои се утврдени дека не се во согласност со Планот за управување со светското и културно наследство во регионот на Охрид. Ова подрачје има непроценлива природна, културна и универзална вредност и во него ќе може да се спроведе легализација само на објектите што се во Планот за управување, додаде Нуредини.

Во однос на природно заштитното подрачје, министерот посочи дека нема никаква легализација во зоната на строга заштита и зоната на активно управување.

– Ова значи дека ќе се дозволи само на оние објекти што се со намена А1, односно куќи за домување во зоната за одржливо користење и заштитниот појас на подрачјето. На овој начин ќе излеземе во пресрет на граѓаните кои не можеле да ги регулираат своите нерешени имотно правни односи, вели тој.

Во вториот дел од обраќањето министерот Нуредини говореше за Законот за инспекциски надзор во животната средина, што е по барање на Европската Унија и е споменат во последните извештаи.

– Ова беше побарано од нас како Министерство, да пристапиме и да подготвиме Предлог-закон за инспекциски надзор на животната средина во согласност со сите институции во државата. Овој предлог закон е во согласност со Европскиот Парламент, Советот и ги исполнува минималните критериуми за животна средина. Идејата е да се усогласат Државниот инспекторат заедно со локалните инспекторати и да функционира инспекцијата во нашата држава, појасни Нуредини.

Тој додаде дека со овој Закон ќе се обезбеди повеќегодишно планирање, ќе се обезбеди надминување на актуелните предизвици во однос на човечките капацитети и, од друга страна, ќе се испочитуваат процедурите  кои се ургентни. Министерот истакна дека овој закон ќе им овозможи на инспекторите да постапуваат не само според тоа што е во програмите, туку ќе можат да вршат контроли и надвор од работното време.

Насер Нуредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.