Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема лекови за болните од рак, се бараат на реверс од веледрогериите

0
By Менче Атанасова Точи on December 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Болните од рак останаа без неопходните цитостатици. На Клиниката за онкологија недостасува цела палета на цитостатици за сите видови на карцином и тоа ампули кои се даваат интравенозно, со инфузија. Лекарите велат дека на ваков начин цитостатикот е поефикасен и делува побрзо во борбата против опаката болест.

Пациентите се во очај,а лекарите се принудени да им даваат други потоксични лекови или да им објаснуваат дека мора да се стрпат. И овој пат како и многу пати до сега, проблемот е во тендерот кој Советот за јавни набавки го кочел три пати, објаснуваат на Онкологија.

Најкритично е со лекот Херсептин, но и за други цитостатици кои се неопходни во лекувањето на најтешко болните.

„Бараме на реверс, се молиме во веледрогериите да ни дадат лекови. Не постои тендер кој
Советот не го кочел до сега, овој три пати го враќаа. Советот за јавни набавки го сочинуваат луѓе кои не ја разбираат проблематикат, не се разбираат од лекови“, велат за НОВА на Клиниката за онкологија.

За овој тендер од кој очајно се чекаат цитостатици за најтешко болните, барањето било поднесено во јуни, а одобрено во октомври. На Клиниката се надеваат дека во понеделник конечно ќе биде отворањето на понудите, за веднаш наредниот ден да биде аукцијата за некои од лековите.

Ова не е првпат болните од рак да останат без неопходните цитостатици. Ситуацијата е иста и на другите Клиники болници во државата, кои често остануваат без лекови. Директорите постојано се жалат дека имаа проблем со тендерите кои тешко поминуваат во Советот за јавни набавки каде што велат, нема стручни луѓе кои ја познаваат проблематиката со лекови. Од таму посочуваат дека во Советот се само правници, нема фармацевт, а жалбите и комуникацијата ја остваруваат по електронски пат.

Извори кои добро ја познаваат оваа проблематика за НОВА велат дека Совет кој го аминуваше Владата редовно ја кочи процедурата, што претставува непотребно административно оптоварување, а е голем трошок за буџетот.

Европската комисија во минатогодишниот извештај за напредокот на Македонија предупреди дека формирањето на овој Совет е непотребно административно оптоварување.

И додека за најтешко најтешко болните нема лекови, забрзано се сечат ленти, се отвараат болници кои немаат ниту техничка дозвола, не се достапни за болните.

Пред неколку дена беше отворена болницата за белодробни заболувања во Козле која не функционира, а иронијата да биде поголема болните деца лекарите ги препраќаат во болницата “8-ми Септември” или на Клиниката за детски болести.

Новиот објект не е функционален, иако беше пуштен во употреба во неделата, кога лента сечеа премиерот Груевски и министерот Тодоров. Во лекарски кругови ова се коментира како предизборен маркетинг на сметка на болните деца.

Но, надлежните во државата очигледно го заборавија ветувањето кое го дадоа пред две години, а тоа е изградбата на новиот Клинички центар на чии темели сечеа лента премиерот Груевски и министерот Тодоров.

НОВА во јануари годинава пишуваше дека архитектот кој го проектираше комплексот на Клинички, бил уапсен во Италија во два наврати..

Според она што го најави Тодоров пред две и пол години, изградбата на клиничкиот комплекс требаше да биде завршена во 2017.та година. На крајот од 2015.та година, нема ниту траг од новиот Клинички комплекс. Таму се уште стои само огромна дупка, откако во јануари 2014.та година година беше урната старата зграда на гинекологија.

Здравството кое е во тотален колапс, се прикажува како успешна приказна предизборно, коментираат лекарите, кои се плашат да излезат јавно во страв од реперкусии. Директорите пак, иако мака мачат со финансиските загуби и малите буџети и се револтирани од целата ситуација, молчат пред камерите токму заради фотељите на кои седнале по партиска линија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.