Нема ништо ново во квалитетот на политичкиот дијалог, коментираат дипломатски извори за НОВА во врска со последните предлози изложени во јавноста за решавање на политичката криза.
Според истите извори, станува збор за обид да се остави впечаток на конструктивност како пред домашната јавност така и пред Меѓународната заедница, но во суштина нема позначајни поместувања на позициите на двете страни.
Во овој контекст, претставницте на Меѓународната заедница сметаат дека излезот од кризата може да се изнајде само доколку двете страни се ангажираат во конструктивен политички дијалог.