За време на претстојните новогодишни празници, министерот за здравство, Венко Филипче не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања. Тој објаснува дека и овие денови има поголеми собири и оти специјално за Нова Година не се предвидуваат нови мерки.
– Мерките засега се добри. Сметам дека сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни, со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, рече Филипче.
Во однос на тоа што ќе се случува понатаму, според Филипче, тоа не може да се предвиди.
– Дали ќе се појави некоја нова варијанта на вирусот којашто ќе ја влоши ситуацијата, не може да се знае и затоа е потребна вакцинација, нагласи тој.