Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема систем да се проверат небезбедните производи

0
By Нова ТВ on March 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


70 непрехрамбени производи, главно за деца, деновиве се најдоа во Регистарот за небезбедни производи за продажба, од Агенција за контрола на пазарот во Босна и Херцеговина. Србија ја има црната и бела листа на вакви производи, со која протрошувачите лесно се информираат што е добро, а што не чини на нивниот пазар. Европските држави го имаат Рапекс системот за брзо известување, а во Македонија информациите тешко стигнуваат до потрошувачите.

Мал е бројот на оние граѓани кои знаат каде да се обратат кога се сомневаат во безбедноста на некој производ.Најголем дел од нив се откажуваат уште пред да тропнат на вратите на институциите бидејќи сметаат дека нема ништо да се промени.

Македонија нема акредитирана лабораторија за проверка на безбедноста на непрехрамбените производи. За целата територија, само тројца инспектори во Државниот пазарен инспекторат се задолжени за вакви проверки.Лани биле повлечени новогодишни сијалички, годинава се повлекуваат детски букви, кои иако биле забранети во Европската Унија, сепак се најдоа на нашиот пазар, информираат од Инспекторатот.Посочуваат дека царината е прва бариера, а кога робата ќе стигне во продавница, тогаш почнува нивната работа.

Земјите од ЕУ преку Рапекс системот за брзо извесстување и редовните контроли будно ја следат состојбата на своите пазари. Македонија не е дел од системот, па затоа и европските стандарди може да се заобиколат ако не се прифатени со нашите закони.

И покрај строгите контроли, бројни афери, пред се кај детските играчки редовно ја тресат Европа. Во Македонија институциите смируваат, производите се безбедни.

Во меѓувреме земјите од Југоисточна Европа работат на создавање заеднички Мини-Рапекс систем за брзо известување, кои опасни производи стигнале на овие пазари.

Во Инспекторатот кај нас пак се планира објавување на листа со небезбедни производи кои се повлекуваат од продавниците. Таму изборот е голем, а граѓаните- збунети.

новинар: Јасмина Јакимовска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.