Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема целосна правда без продолжување на рокот за работа на СЈО

1
By Нова ТВ on October 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 15, 2016 11:32

Правдата не може да биде целосно задоволена без да се продолжи рокот за работа на Специјалното обвинителство и да се преслушаат сите снимки од бомбите кои се предадени во оваа институција, велат аналитичарите.

Анализата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Како ќе се задоволи правдата доколку СЈО не ги преслуша и обработи сите нелегално прислушувани разговори кои кај нив ги предаде опозицијата? Кој и како ќе постапува со „бомбите“ кои не се преслушани?

Ова се само дел од дилемите кои ги наметнува во јавноста барањето на оваа институција за продолжување на рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување на обвиненија.

Обвинителката Катица Јанева неодамна изјави дека досега се преслушани само 12 % од преслушаните разговори кои биле доставени до нив. Правдата не може да биде целосно задоволена без да се продолжи рокот за работа на Специјалното обвинителство и да се преслушаат сите снимки од бомбите кои се предадени во оваа институција, велат аналитичарите.

Поранешниот јавен обвинител, Јован Трпеновски за НОВА вели дека случувањата деновиве покажуваат дека најверојатно за рокот за продлжување на СЈО ќе се одлучува после изборите кои се закажани за 11-ти декември.

„Новиот парламентарен состав ќе расправа за продолжување на рокот. Доколку дојде до измена на односите на силите во парламентот, мислам дека Собранието ќе биде сосема поинакво и ќе одлучи за продолжување на рокот“, смета Трпеновски.

jovan

Тој вели дека доколку дојде до укинување на СЈО, нормално е дека се поставува прашањето околу архивата.

„Ќе треба да се применат законите за државните институции , според кои потоа треба да ги дадат на институцијата која постапува по слична проблематика. Но, во овој случај би требало да ги преземе Основното јавно обвинителство. Тоа е правната процедура, но овде имаме и практичен аспект. До укинување на СЈО не може да дојде, затоа што од практичен аспект не очекувам дека СЈО ќе престане да постои. Тие се плод на политичката криза која е се уште присутна и резултат на партискиот договор меѓу четирите партии но под гаранција на европската заедница. Ќе мора да се почитува и мислењето на европската заедница“, вели Трпеновски.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска вели дека рокот за работа на СЈО треба да се продолжи за да можат да ја сработат работата за која се основани.

margaritacacanikolovska

„Партиите во таа насока треба да овозможат СЈО да работи, да не го прават она што постојано го прават, одредени политички гарнитури и да оневозможуваат да работи СЈО. Очигледно кога се склучувал договорот немало желба таа институција да работи како што треба“, вели Николовска.

Според професорот од Правниот факултет и еден од советниците на тимот на Јанева, Димитар Апасиев, во пресрет на гласините за укинување на СЈО од страна на Уставниот суд, најдобро би било овој суд да го укине само членот 22 од Законот за СЈО. Во интервју за порталот Фактор, вели дека овој контроверзен член, предвидува прекраток рок за поднесување обвинение против политичарите за делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и ги привилегира носителите на јавни функции кои се директно засегнати од тековни или идни постапки за криминал, бидејќи ваков рок не постои во Законот за кривична постапка.

Фото: Фокус
Фото: Фокус

„Колку за споредба, рокот за застарување на кривичното гонење во Кривичниот законик за нас „обичните смртници“ е десет до петнаесет години, додека за корумпираните политичари е предвидено тој да изнесува само година и пол (!?) – рок во кој е невозможно да се спроведат сложени финансиски истраги. Згора на сè, ако се земе предвид фактот дека СЈО во својот почетен период на работа имаше реални проблеми при своето конституирање, кадровско и просторно екипирање и соработка со другите државни органи, како и фактот дека скоро два месеца неговата работа практично беше блокирана поради противправната „аболиција“ дадена од страна на Претседателот на РМ – станува јасно дека овој фиксно утврден временски период е објективно прекраток за спроведување на темелни истраги“, вели Апасиев за Фактор.

Според него, оправдано се поставува прашањето: „дали со ваквата несмасна и избрзана формулација, законодавецот – раководен од тендерската коалиција на ДПМНЕ и ДУИ – сакал да ја попречи правдата во лична корист на осомничените високи партиски функционери, кои ја злоупотребиле својата позиција за лично богатење на штета на јавниот интерес, за тие никогаш да не бидат изведени пред независен и непристрасен суд и да одговараат за сторените тешки кривични дела кои им се ставаат на товар!?“

Според портпаролот на партијата, Иво Котевски, СЈО имале доволно време да ги преслушаат сите разговори. „Пред да биде формирано СЈО, имаше некои предмети во ОЈО кое му ги предаде на СЈО. И Катица Јанева ако паметите рече дека нема потреба од дополнителен број на обвинители, тие избркаа две обвинителки. Непринципиелно е да се претпоставува, но постои рок за нивната работа“, вели Котевски за НОВА.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски неодамна кажа дека тие нема да ги поддржат барањата на Јанева за продолжување на нивниот рок за работа, измените на Законите за заштита на сведоци и препораките на Венецијанската комисија за измени на законите за приватноста и свиркачите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.