Државата ќе го забрани обложувањето и игрите на среќа на интернет преку странски компании. Државната лотарија на Македонија заедно со компанијата „Австрија казино“ како странски инвеститор ќе формираат нова компанија со владата како доминантен сопственик со 51 процент акции – „Државна видео лотарија“. Од Владата информираат дека австрискиот инвеститор треба да вложи 6 милиони евра, а намерата е приходите од ваквиот тип обложувања да завршуваат во македонскиот буџет, наместо, како досега, да се одлеваат во странство. Стартот на оваа компанија се очекува да биде во Март или Април, веднаш по нејзиното започнување со работа Владата ќе ги блокира странските интернет портали кои ги нудат овие услуги. Според податоците на Владата, годишно од Македонија преку игрите на среќа и обложувања се одлеваат околу 10 милиони евра.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.