Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје за ослободување на Мариупол, пристаништен град кој е пред освојување од руските сили.
„Ако добиеме авиони, доволно тешки оклопни возила и потребна артилерија, ќе можеме да го направиме тоа“, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќањето.
Тој додаде дека е сигурен оти Украина ќе добие сè што ѝ е потребно.
„Но, не се губи само време. Се губат животи на Украинци. Животи кои повеќе не можат да се вратат“, наведе Зеленски.
Борбите за Мариупол, што е стратешки важен град поради неговата локација на Азовско Море, траат повеќе недели.