Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нaместо членство се нуди Европска економска зона, Заев ја отфрли идејата

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зад кулисите во Брисел во оптек е идеја како да се надминат актуелните фрустрации од ставот на Макрон кој ја спушти рампата на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан. Наместо полноправно членство во ЕУ според актуелниот предлог за компромис на шесте држави од Западниот Балкан би требало да им се понуди создавање на Европска економска зона (ЕЕЗ). Оваа иницијатива која ја изготви влијателниот европски тинк тенк Иницијатива за европска стабилност денска беше отфрлена од премиерот Зоран Заев кој во Прилеп изјави дека Македонија не  прифаќа алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго сем полноправно членство во ЕУ.

Што предвидува иницијативата за Европска економска зона?

ЕУ треба да им понуди на сите шест нации на Западен Балкан можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд. Тоа значи дека треба радикално да се реформира методологијата за проценка на напредокот, се вели во предлогот на Европската иницијатива за стабилност.

ЕЕА ги опфаќа сите клучни области што се важни за потенцијалните инвеститори. Ги утврдува европските стандарди. Испраќа силен сигнал до граѓаните дека, на крајот, ќе се надминат границите и изолацијата. ЕУ треба да ги зголеми ресурсите за Западен Балкан да го направи сето ова попривлечно. Ова, според предлогот ќе и  помогне на ЕУ да утврди влијанието во регион кој заедно има помалку од половина од БДП на Романија и е опкружен со членки на ЕУ

Овој однос не гарантира за пристапување во иднина, но, ниту исто така оваа понуда за вакво  партнерство не би требало да го исклучува идното пристапување кон ЕУ кога таа може би ќе биде подготвена за тоа.

Ваквото оставање на отворена врата за некоја иднина  ги прави поверодостојни сите идни дебати за членство. Според предлогот овој пристап не би требало да  ги казнува Србија или Црна Гора кои се веќе во процес на преговори. Секој  напредок што тие го постигнаа досега значи дека тие се поблиску до влегување. Предлогот исто така не  ги исклучува Албанија,  Македонија или Босна и Херцеговина а може да се отвори и за Косово, како неутрален статус за да се обезбеди конвергенција со соседите, вклучително и со Србија. Предлогот како што се вели во документот ја избегнува поделбата на регионот од кој стравува Макрон. Сите земји добиваат иста шанса. Напредокот се одлучува врз основа на реформите, мерено според истите стандарди

Норвешка и Исланд на Балканот

Во почетокот на 2020 година, Европската комисија и земјите-членки треба заеднички да изготват патокази со клучните барања во клучните сектори што Норвешка или Исланд ги исполнуваат денес. Наместо „отворање поглавја“, на сите шест земји ќе им бидат понудени сеопфатни јавни патокази. Напредокот редовно ќе се оценува сериозно и објективно во сите земји, најдобро во заеднички тимови на експерти, предводени од Европската комисија, но вклучително и експерти за земјите членки. Овие две институции треба да соработуваат за детално да го проценат напредокот, и да зборуваат со еден глас, се вели во предлогот за компромис. Целиот процес треба да се претстави во јавноста како  трка: Србија може да им докаже на сите дека навистина има најдобра администрација во регионот; Косово може да ја престигне Србија на едно поле;  Македонија и Албанија би можеле да се натпреваруваат за исполнување на стандардите во животната средина. Тоа ќе доведе до здрав и продуктивен напредок, вели предлогот за компромис кој официјално на масата се предвидува да го понудат двете претседателства на ЕИ за 2020, хрватското и германското. Решението би требало да го зголеми влијанието на ЕУ. Со утврдување и имплементација на правилата  на единствениот пазар, влијанието на надворешните актери, Кина или Русија, би подлежело на истите ограничувања во Западен Балкан како и во ЕУ. Целата формула треба да се комбинира со финансиски награди: „повеќе за повеќе“, грантови и инвестиции за земји кои добро напредуваат во административните и правните реформи во кој било сектор, објективно оценети. Билатералните донатори исто така би можеле да ги наградат перформансите на овој начин.

Ова ќе бара кредибилни реформи за владеење на правото . Земјите што ги кршат основните човекови права или им се закануваат на нивните соседи може да бидат исклучени или суспендирани – што треба да одговори на барањето за реверзибилноста кое го постави  Макрон . Овој процес треба да се стави на маса  на самитот во Загреб во мај 2020 на кои ќе бидат шесте земји од Западен Балкан.

Штом напредокот на Балканот во овој аранжман  стане видлив, популарноста на пристапувањето може да се зголеми, предвидува Европската иницијатива за стабилност.

Уривањето на сегашната пристапна политика е закана за влијанието на ЕУ, во критичен регион, во критичен момент на глобална неизвесност. Тоа беше длабоко неправедно кон владата во Скопје но, тоа може да биде шанса за нешто поверодостојно, пофер и трансформативно, се вели во овој предлог.

Реакции

 

Македонските власти  бил запознат со идејата за време на престојот на македонската делегација во Брисел. Македонскиот државен врв и опозицијата уште на средбата кај шефот на државата Стево Пендаровски усогласија заеднички став дека нема да се  прифати ништо друго   освен полноправно членство во ЕУ.

Овој став денска го повтори премиерот Зоран Заев на трибина во Прилеп.

Не прифаќаме алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго. Ние сме за полноправно членство во ЕУ и ништо помалку од тоа. Ја сакаме ЕУ за европските вредности, Со ништо помалку не се согласуваме и ништо помалку не прифаќаме, рече денеска премиерот Зоран Заев, кој како претседател на СДСМ учествуваше на трибина во  Прилеп, во рамки на кампањата „На прав пат“ .

Заев вели дека земјава има аргументи да укаже дека одлуката да не ни биде даден старт за преговори е историска грешка и дека е доведено во прашање проширувањето како инструмент од исклучително значење за вградување и живот на европските вредности во земјите што природно им припаѓаат на Европската Унија.

-Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Ќе поминеме сигурно одреден број години во процесот на преговори по поглавја. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре  а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата, вели Заев во интервју за весникот „Вечер“.

Тој истакнува дека врз основа на тие аргументи францускиот претседател Макрон ќе може да види дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.