Министерството за правда ги има преземено сите неопходни мерки и активности, но нема правна регулатива за да може да се побрза со екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ тврди министерот за правда Блерим Беџети.
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судскиот процес во кој на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро што се случи лани на 12 април.
Во судницата беа другите од групата обвинета за тероризам и помагање тероризам, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири. Се изведуваа материјални докази.