Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неофицијално: Тројца повредени полицајци, наредба да не се даваат информации

0
By Менче Атанасова Точи on May 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во акцијата во Кумановско повредени се тројца полицајци кои се донесени во скопскиот клинички центар, неофицијално дознава НОВА. Повредените не се во животна опасност и се сместени на КАРИЛ.

Официјални информации не се даваат, таква била наредбата. Никој од надлежните и задолжените за односи со јавноста не одговараат на телефонските повици. Во Министерството за здравство велат, сите информации, дури и за здравствената состојба на повредените, да се бараат во МВР.

Од утринава, од 7 часот мобилизирани се сите медицинските екипи на Хируршките клиники.

„Мобилизирани сме сите, но информации за повредените не смееме да даваме таква е наредбата, изјави кратко за НОВА, лекар од Ургентниот центар.

Според информации на Телма во престрелката меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група утрово во Kуманово повредени се 12 полицајци, а меѓу нив неколку со тешки повреди.

Светлана Спасовска од Карил во Кумановската болница за телевизијата изјавила дека на тројца од полицајците им била укажана лекарска помош, но сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје кој е под силно полициско обезбедување.

Засега нема официјални информации од МВР за акцијата што утрово започна околу 4 часот, oсвен дека резема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“ и апелот граѓаните да останат мирни.

Пукотниците во Куманово престанаа, но во градот влегуваат нови полициски сили со оклопни возила, јавува Телма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.