Непознат маж денеска околу 11.30 часот се обесил на главниот украински плоштад на еден метален столб зад новогодишното дрво. Инцидентот се случил 40 минути откако на плоштадот повторно се собрале демонстрантите.
Иако е температурата -14 степени Целзиусови денеска се собрале 2.000 луѓе, јавува РТ.
Полицијата објавува дека ќе спроведе истрага за овој случај на самоубиство, а неколку часа порано беше покрената казнена постапка за синоќешното завземање на Министерството за правосудство во Киев.
Одговорноста за заземањето на зградата на Министерството на социјалната мрежа Фејсбук ја презеде активистичката група „Заеднички интерес“.
Министерката за правда на Украина денеска со предупредување до анти-владините демонстранти кои го окупираа нејзиното министерство дека таа ќе прогласи вонредна состојба, ако тие не се повлечат, јавува Би-Би-Си.
Олена Лукаш за локалните медиуми изјави дека ќе побара од национална безбедност и Советот за одбрана да се воведат мерките.
Немирите се шири низ Украина, со активисти кои ги преземаат општински згради во 10 градови.