Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Непречено се одвива изградбата на браната Отиња

0
By Biljana on February 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип.

Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри.

Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено.

„Ова е многу значаен капитален објект за Штип и за источниот регион. Инвестицијата е на Министерството за транспорт и на Владата. Работите течат со одлична динамика, се работи на темелот за инјектирање на десното крило на браната. Се прават сите подготовки за изведба на насипот. Ова покажува дека кога има желба и волја, се може да се направи“, истакна министерот.

Тој информира и дека заврши постапката за избор на изведувач за водовод Каваклија.

„Избран е и изведувач и надзорен орган. Очекувам до крајот на месецов да почнат ивездувачите со работа. Инвцестицијата е околу 8,5 милиони денари. Паралелно се следи и реализацијатга на крстосницата во населбата Сењак која треба да се реализира кон средината или втората половина на март. Имаме многу инвестици, а преку овој проект во тендерска постапка се уште три улици во населбата Автокоманда со што се дава поддршка и на Општината и на граѓаните“, рече Бочварски.

На увидот присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

Браната почна да се гради во јули минатата година, а рокот на изведба е планиран да изнесува 30 месеци.

благој бочварски брана Отиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.