Првата парада на гордоста во Црна Гора започна денеска во Будва после 12 часот, ситуацијата е напната, а присутни се бројни полициски сили.
Поради претходните жестоки судири меѓу полицијата и противниците на Парадата на гордоста, скратена е маршрутата на движење на поворката.
Поворката започна од пред ѕидините на Стариот град, а покрај 400 полицајци има и специјалци, јавува Танјуг.
Полицијата приведе неколкумина и со употреба на сила и димни бомби ги растера противниците на парадата, кои со јајца, шишиња и камења го гаѓаа автобусот на припадниците на ЛГБТ заедницата.
Еден од организаторите на Парадата, Здравко Цимбаљевиќ вели дека не очекувал негативно реакција на граѓаните. „Ова е правата слика на Црна Гора“, изјави Цимбаљевиќ.
Тој исто така ги отфрли наводите дека ЛГБТ заедницата провоцирала носејќи црногорски знамиња. Според него, и тие како Црногорци имаат легитимно право да носат знамиња.