Немирите што почнаа вчера на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија во Белград, прераснаа во конфликти помеѓу навивачите од Тирана до Виена.
Фудбалскиот натпревар синоќа беше прекинат, а полицијата заради поттикнување на нередите, го уапси братот на албанскиот премиер. Српските медиуми пишуваат дека Олси Рама во ВИП ложата со далечинско наведувал беспилотен авион кој го донел знамето на “Голема Албанија” на стадионот на Партизан.
По прекинот на натпреварот во Белград, минатата ноќ во Виена се случија инциденти меѓу поддржувачите на двата тима и австриската полиција спречи поголем конфликт. Група Албанци се собраале во 16. област на Виена, каде што има ресторани каде сопственици и гости се Срби и фрлиле во еде локал шишиња и петарди.
Полицијата успеа да се пробие и да ја протера групата на Албанците, но потоа имаше собир на околу 200 Срби кои се обиделе да се конфронтираат со Албанците. Акцијата на спречување на судир на австриската полиција резултираше со повик на специјалните единици.
Атмосферата беше тензична и во Тирана, кога албански навивачи ја опколиле српската амбасада. Албанската полиција со жив ѕид ги спречила навивачите да влезат во амбасадата на Србија.
Натпреварот беше прекинат во 42. минута поради големите немири на трибините, но, исто така, и на теренот.
Катализатор за хаосот во веќе зовриената атмосфера на Партизан стадионот во Белград, беше беспилотно возило, кое се појави на теренот. Авионот носеше знаме со карта, датум, еден збор и портрети на две личности- на врвот на знамето, пишуваше ’28 .11.1912 ‘. Тоа е ден кога Исмаил Чемали, заедно со неколку истомисленици прогласија “Декларација за независност на Албанија.” Покрај Чемали, на знамето беше портретот на Исо Бољетини – лидер на албанскиот отпор, прво против Турците во 1910, а потоа против Србите. На знамето пишуваше Автохтони, заедно со датумот на прогласување на независноста и мапата на голема Албанија.
Беспилотниот авион неколку минути кружеше над играчите, се додека не го фати репрезентацивецот на Србија, Стефан Митровиќ.
По овој потег му пријдоа неколку играчи во Албанија, кои започнаа конфликт и да се туркаат на теренот. Некои фанови истрчаа на теренот и ги нападнаа Албанците, додека бегаат кон тунелот. Српскиот тим се обидувал да ги заштити албанските фудбалери и да престанат немирите.
По половина час пауза, натпреварот требаше да продолжи, но Албанците одлучија да останат во соблекувалната. Во меѓувреме имаше тепачка меѓу српските навивачи и полицијата. Немирите се смирени со помош на солзавец, а дел од трибините беа испразнети.