Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нервоза во Софија по одлуката за отстранување на Споменикот на советската армија

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: БГНЕС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 41 глас „за“, 14 гласа „против“ и 1 „воздржан“, Советот на бугарскиот главен град Софија го одобри отстранувањето на Споменикот на советската армија, јави БГНЕС. Одлуката беше усвоена со гласовите на ГЕРБ-СДС, ДБ, Патриоти за Софија и независните општински советници. Групата на СП скандирала за оставка на претседателот на Советот, по што ја напуштиле салата.

Отстранувањето на споменикот ја вжешти атмосферата не само во Софискиот совет, туку и пред зградата на општината, каде што се собраа неговите бранители.

„Имаме јасен став, денешниот чин е пред се политички. Го поддржуваме предлогот на ДБ за преместување на споменикот на Советската армија“, рекол Георги Георгиев, претседател на Советот.

Предлогот што тој го дал е на местото на советскиот споменик да биде поставена информативна табла која ќе ја отсликува „историската вистина“, како што ќе ја презентираат специјалисти, историчари, професори во БАН и на софискиот универзитет.

„Споменикот на Советската армија, според нас, треба да се отстрани, бидејќи националната држава не треба да толерира споменик на туѓа држава“, изјавил Карлос Контрера, општински советник од групата Патриоти за Софија.

„Извештајот за отстранување на споменикот на Советската армија се чека три години во општинскиот совет, факт е дека до пред неколку недели го поддржувавме само ние од ВМРО. Предлагаме ова место да се искористи со создавање на споменик на основачите на бугарската држава, бидејќи за наш срам немаме споменик за нив“, изјавил Контрера.

Бранителите на споменикот на советската армија ја нападнаа општинската зграда на главниот град со јајца и црвена боја. Тие денеска се собраа пред Споменикот во знак на протест во негова одбрана, спротивставувајќи се на негово демонтирање. Толпата вееше руски и црвени знамиња.

 

Бугарија Софија Споменик на советската армија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.