На прашањето дали е потребно изградба на нова нуклеарна централа во земјата мнозинството граѓани на Бугарија кои се одзваа на рефередумот се изјасни позитивно. Сепак оваа нивна одлука на е обврзувачка за власта поради нискиот одзив на референдумскто изјаснување. Според бугарските закони потребно е на референдум да гласаат 60 проценти од гласачите, а вчера правото на глас го искористиле само 20 проценти од вкупно 7 милиони гласачи.
Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да се принуди Владата да ја промени одлуката – да се откаже од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата. Референдумот се однесуваше за заживување на проектот за нуклеарната централа Белене, на север во државата.
Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра.