Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неутралност како необјективност

0
By Нова ТВ on March 18, 2018 ВЕСТИ
Драган Бурсаќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

„Реалноста каква што ја опишуваат новинарите е далеку од животната реалност на голем дел од нивната публика“, рекол медиумскиот научник Мајкл Халер од Универзитетот во Лајциг.

Неговата изјава се однесувала првенствено на бегалската криза, а потоа и на поширокиот пристап до медиуми за известување. На улогата на новинарите преупреди и професорот Александар Богданиќ од Факултетот за политички науки во Бања Лука.

Тој наведе: „За демократското општество да може да функционира, неопходно е сите граѓани да се свесни за своите основни права и обврски кон власта. Тоа важи и за новинарите кои треба во секојдневната работа да воочуваат како правата и одговорностите се почитуваат или кршат, а преку известувањето за појавите кои се однесуваат на споменатите теми,  новинарите даваат и значаен придонес во информирањето на граѓаните за нив“.

Доколку е обврска на новинарите да бележат дали правата и одговорностите се кршат, дали во некој случај можат тоа да го  нагласат или структурираат во некој свој новинарски прилог, кога тие права се загрозени или мора да бараат соговорник кој тоа ќе го потврди.

Колумнистот Драган Бурсаќ одговор гледа во новинарскиот жанр.

– Јас пишувам колумни, а не новинарски текстови. Значи, истражувачките и информативни текстови би требале да го испочитуваат правилото две страни и неутралност на новинарите. Мислењето или колумната, спротивно на тоа, бараат свој став кој не е некоја навивачка фатаморгана, туку се прекршува преку призмата на новинарот.

Значи постои начин ставот да се изнесе преку промена на жанрот, што во добра мерка решава одредени неусогласености помеѓу личниот став и професионалноста. Сепак, колумнистичкото делување во многу помала мерка добива простор и е резервирано во главно за пишаните медиуми. Информирањето во дневните емисии од информативен карактер може да го повтори прашањето на неутралност.

Имено, пред неколкуденови медиумите известуваа за тоа дека судењето на Сањина Сефиќ е одложено. Иако целата Босна и Херцеговина имаше прилика во живо да го следи овој случај, медиумското известување за тоа во еден дел од медиумите неутралноста наведуваше на погрешен траг. Имено, случајот се растегнува две години и тоа поради честите одложувања. Тоа не е проблематизирано.

Единствен случај кога се стекна увид во полн обем е во една единствена телевизија. Гостувајќи на Н1, таткото на една од жртвите, Амир Агиќ, ја нагласи суштината.

– Се чувствуваме понижено, ова е дно. Треба да се казнат сите оние кои не доаѓаат на рочишта, поради кои се одложува судењето. Немаме поддршка од никого, не верувам ни во државата, ни во луѓето. Ова е само човечност, не е суд, ни не суд. Човекот кој седи на чело на судот нема човечност –

Новинарите бирајќи несоодветни соговорници или само штури известувања за одложувањето не даваат увид во суштината на проблемите. Таа суштина се наоѓа токму во постојаните одложувања на судењето. Иако формата е задоволена и јавноста информирана, иако професионално е известено за исказите на двете страни, обвинителството и одбраната, занемарен е етичкиот аспект.

Не постои правило по кое новинарот ќе погреши ако нагласи дека случаите на убиства треба да се решаваат побрзо. Особено таа грешка нема да ја направат во БиХ, каде постојат добро документирани случаи на предолги парници.

Од друга страна, се што не е само најава на соговорникот или фактографија на случајот, е личен став на новинарот. Дали во таков случај новинарството станува само автоматизирано читање на 2D реалност, додека споменатата реалност од почетокот на текстот изостанува? Сигурно е дека публиката најмногу внимание дава токму на фактот дека е неморално да се одолговлекуваат парниците.

Се наоѓаме во ќор сокак бидејќи во не така мал број случаи не е пракса да се коментираат процесите во тек, па медиумите ваквите судски парници ги пренесуваат агенциски, но професионално одработено, бидејќи имаме две страни, и обвинителство и одбрана. Што недостасува, ако недостасува?

Последователно на тоа, бројни комуниколози, професори по новинарство и јавни личности сметаат дека неутралноста е добар штит во кој може да се совие и необјективноста. Изоставувањето на третата страна како влијание на содржината на вестите. Медиумите сакале или не, го менуваат мислењето и критичката способност на својата публика. Медиумите влијаат на масата, може да наведуваат и пропагандно да делуваат. Имањето две страни не значи имање на целосната вистина, поради што на медиумите оправдано може да им се замери за „дупка во законот“.

Моделот две страни наведен е за да се намали пропагандното работење, но тој не подразбира дека со тоа работата е завршена. Третата страна е и тоа како потребна, макар да го напомене очигледното, убиствата не се пожелни во општеството, нивното санкционирање треба да биде брзо и ефикасно, макар тоа на сите да им се чини јасно.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.