Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неврологија:За конзилијарни мислења исплатувани по 50.000 евра годишно

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 50 илјади евра годишно завршувале кај членовите на комисиите од Клиниката за неврологија кои издавале конзилијарни мислење за потреба од помош и нега од трето лице, според контролата што ја извршил ревизорот. Оваа сума членовите на комисиите ја добивале три години по ред- во 2015, 2016 и 2017 година, кога со Закон им се одзело правото да издаваат  конзилијарни мислења.

Во Правилникот што го донел министерот за труд во октомври 2014 година,  едно конзилијарно мислење требало да чини 1.200 денари. Управниот одбор на Клиниката за неврологија, потоа донел одлука од овие пари само 100 денари  да остануваат на сметка на Клиниката, а останатите да бидат за членовите на комисиите и вработените во Клиниката.

Во 2016 година, за издавање на конзилијарни мислења, Клиниката добила  приходи од 55.524 евра – од нив 51. 000  евра биле исплатени на членовите на комисиите, а 4. 600 евра останале на сметка на Клиниката.

Ревизорот смета дека ваквата одлука на Управниот одбор се дефинира како несовесно управување:

„ Имајќи ја предвид општествената одговорност на членовите на Управниот одбор во системот на здравствена заштита и улогата на Клиниката која како јавна установа дава здравствена заштита преку систем на општествени мерки, активности и постапки, се поставува прашањето за оправданоста на одлуката на Управниот одбор за висината на средствата кои се издвојуваат за Клиниката.

Во услови кога Клиниката нема доволно средства за извршување на основната дејност, донесената Одлука укажува на несоодветни приоритети и несовесно управување и не обезбедува доследна примена на начелото на правичност, квалитетен и сигурен здравствен третман – констатира Ревизорот во извештајот.

Со измените на Законот за социјална заштита донесен на крајот на минатата година, на Клиниката за Неврологија и се одзеде правото да издава конзилијарни мислења за нега и помош од трето лице.Годишно членовите на комисиите издавале по околу 3000 мислења.

Конзилијарно мислење давала комисија составена од тројца доктори специјалисти или доктори на медицина, но во ревизорскиот извештај нема податоци дали  во најголем број од комисиите исти доктори одлучувале по барањата за нега.

НОВА го објави и делот на извештајот на ревизорите за Клиниката за неврологија  и за парите кои биле исплатувани од фармацевстките куќи за  клинички испитувања врз пациенти за индикации од лекови. Утврдено е и дека најголем дел од парите на фармацевстките куќи  завршиле кај истражувачките тимови, а не на сметка на Клиниката.

Вкупниот  буџет за клиничките испитувања во 2016 година, според пресметките на ревизорите  изнесувал 24 милиони денари или 400 илјади евра. Од овие пари, Клиниката требала да добие само 20 илјади евра, но во период од 2016 и 2017 година биле извршени само 4 уплати во вкупен износ од 3.000 евра.

Двајца пациенти кои биле вклучени во вакво истражување  починале во 2016 година, но обдукција не била направена, поради што не се утврдило дали  смртта настапила како последица од лекот.

Новиот директор на Клиниката за неврологија најави дека очекува Обвинителството да ги испита сите наводи во ревизорскиот извештај.

Клиника за неврологија конзилијарни мислења Ревизор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.